НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Режимите паѓаат, Големиот брат останува

0
By Нова ТВ on January 26, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев

Вчера на Би-Би-Си беше прикажан документарниот филм „Тајните богатства на Владимир Путин“. Во филмот еден од коментаторите го обвини рускиот претседател за нелегално збогатување и корупција, иако, тој не кажа ништо ново. Во последниве неколку години се изначитавме текстови и се изнагледавме настапи на разни аналитичари, новинари и јастреби од Берлин до Вашингтон, кои надолго и нашироко пишуваат за тоа кој е Путин и колкави богатства натрупал.

Според влијателниот руски политички аналитичар Станислав Белковски, богатството на Путин вреди околу 40 милијарди долари (според Би-Би-Си ова независно било потврдено и од ЦИА), бројка на која може да позавиди и некој шеик или арапски принц. Во северната хемисфера не постои друг државник, олигарх или милијардер со такво лично богатство.

Исто, знаеме и како Путин го стекнал тоа богатсво – со одземање делчиња од капиталот на низа руски олигарси кои се под негова контрола, и со користење на разни шеми на перење пари (на пример, преку кооперативот „Oзеро“, од каде произлегува фамозниот личен дворец на претседателот расположен на брегот на Црното Море кај Геленџик во вредност од 1 милијарда долари).

Она што сакам да кажам е дека првиот коментатор кој во ударната шпица вели дека Путин е измамник и крадец од посебен ков е Адам Шубин, висок претставник од американското министерство за финансии одговорен за надзор на санкциите. Имено, за прв пат во поновата историја руски претседател е обвинет за корупција и незаконско богатење од официјален претставник на американска влада, и тоа говори многу. Тоа укажува до какво ниско ниво се паднати односите помеѓу Вашингтон и Москва.

Не случајно, емитувањето на документарецот доаѓа 48 часа по обелоденувањето на резултатите од официјалната истрага на британските власти, предводена од судијата сер Роберт Овен, за смртта на бившиот руски таен агент Александар Литвиненко. Британскиот државјанин Литвиненко во 2006 година среде Лондон беше отруен со полониум-210, редок радиоактивен изотоп употребуван во советската нуклеарна програма.

Официјалните документи од истрагата се разместени на Интернет и достапни за секого. Во неа рускиот претседател е обвинет за организација на убиството на Литвиненко, кој пак од своја страна против својот противник пишувал дека е педофил и заговорник на снимање на видеа и разговори од своите политички противници.

Утредента, лондонски Тајм излезе со директен и до пред година дена невозможен наслов за некој светски државник: „Путин наречен педофил и перач на пари“.

Неспорно е дека после руската анексија на Крим во март 2014 година, и разгорувањето војна во источна Украина која сеуште трае, конфликтот помеѓу Русија и Западот се наоѓа во својот зенит. Кремљ, како мало дете, добива шамари и клоци од својот противник како одговор на детално разработената информациска и пропагандната војна против Америка и нејзините сојзници, што последниве две години ја води дома и во странство. Преку низа од медиумски платформи, пред се’ телевизијата Russia Today и агенцијата Спутник, само двете годишно примаат една милијарда долари финансии од државниот буџет.

Но, зборот ми е друго. Во документарецот, видно место заземаат епизодите со прислушуваните соработници и луѓе кои ги местат коцките за Путин да добие некое милијардче долари, и гледаме како со тие снимени разговори располага и новинарот на Би-Би-Си.

Слично е во извештајот за Литвиненко, каде, на пример во 92 и 93 страна, се вели дека кога Путин станал директор на ФСБ (Федерална служба за безбедност) во 1998, и кога му се откриле претседателски амбиции, тој започнал акција за пронаоѓање и уништување на сите компромитирачки материјали собрани против него од безбедносните служби.

„Помеѓу останатите работи“, се вели во извештајот, „Путин најде и видео-ленти архивирани во управата за внатрешна безбедност на ФСБ , во кои се гледа како тој имал секс со малолетни момчиња“.

Во документарниот филм, пак, се слушаат гласови на Николај Шамалов, близок соработник на Путин од дачниот кооператив „Озеро“ и нивниот бивш соработник Сергеј Колесников (кој сега е во егзил во Естонија), како во 2010 договораат зделка во која рускиот претседател треба да добие 440 милиони долари, дел од голема корупциска шема на перење пари за сметка на рускиот здравствен систем. Плашејќи се од тајната полиција, во снимениот телефонски разговор „тие Путин го нарекуваат со прекарот Михаил Иванович,“ открива документарецот.

Сигурно се прашувате како новинарот на Би-Би-Си воопшто дошол до овие тајни снимки? Нели, навиката на Путин е да уништува компромати, па тие досега требало да не постојат.

Очигледно е дека, и во овој случај, како и со бомбите на Зоран Заев, прсти замешале тајни служби, странски или домашни никој не знае. Но бидејќи мрачната и тоталитарна држава каква што е Русија, не е Македонија, овие снимки, слушнати не само од руската туку и од целата меѓународна јавност, во најмала рака ќе бидат игнориранаи од провладините медиуми (исто како кај нас), ако од Кремљ не бидат отфрлени за измислица. Како било, сигурно нема да одекнат со таков интензитет, како бомбите на Заев.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски може да лее крокодилски солзи колку што сака – за тоа дека Македонија била окупирана од домашни предавници кои во соработка со странци снимале и лепеле разговори на официјални лица. Сепак, факт е дека не само македонската, туку и руската држава не била имуна на демнеење и снимање од домашни агенти кои во наводна соработка со странски разузнавачки служби подготвувале материјали што потоа би можеле да бидат употребени како компромитирачки материјал и тоа против самиот Путин.

Убеден сум дека овие практики на тајни полиции, снимање и следење на политичките противници, постоеле/постојат кај сите авторитарни режими, од оние на Мугабе и на Ортега, до оние на Ердоган и на Орбан, за нашите Грујо и Путин веќе доволно знаеме. Тие и не би биле диктатори доколку не се убедени дека ги контролираат своите противници и опозицијата.

Кога се работи за режим чии тесногради интереси се збогатување на кастата блиска до потентниот лидер, на сметка на природните ресурси на земјата и на стандардот на останатите граѓани, во спрега треба да бидат ставени сите демократски оружја за елиминација на тој режим.

Па макар тоа било и незаконско следење и прислушување на разговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.