НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МРТ со Правилник за известување за време на изборите се обврза на непристрасност

0
By Влатко Чаловски on January 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


МРТВ денеска го претстави Етичкиот правилник според кој се залага за време на изборите да известува избалансирано и непристрасно. Правилникот е изработен според примерот на британскиот сервис Би-Би-Си.

Според британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, со овој Правилник, МРТВ објавува цврст став дека ќе работи за бенефит на сите граѓани на Македонија.

– Морам да нагласам дека самиот овој документ е недоволен за постигнување на целта, туку тоа зависи од професионалците. Само преку работење според овој Правилник за време на изборите може да се постигне зацртаната цел. Во секое општество, медиумите, особено Јавниот сервис игра клучна улога. Тој има должност да ги покрива изборите непристрасно и точно, порача Гарет, чија амбасада е дел од изготвувањето на стандардите.

Помеѓу другото, Гарет напомена и дека е многу важно Јавниот сервис да ја согледа својата одговорност бидејќи него го плаќаат граѓаните.

– Затоа должност на Јавниот сервис е да му служи на народот, не само на некои туку на сите, со тоа што ќе им понуди квалитетно, балансирано и независно известување за време на изборите, порача амбасадорот.

Извршниот директор на МРТВ, Марјан Цветковски, рече дека МРТВ со ова ја презема обврската да биде урамнотежен и непристрасен во известувањето за изборите и да не дискриминира ниту една политичка партија, коалиција или независен кандидат.

– На сите партии и кандидати ќе им биде обезбеден правичен пристап до медиумите. Ова е основен принцип за спроведување на слободни, фер и транспарентни избори, нагласи Цветковски.

На прашање на Петрит Сарачини од ЦИВИЛ Медиа, дали е воспоставен механизам или тело кое ќе се грижи за спроведување на Принципите и на кое, граѓаните или кој било засегнат, би можеле да му се обратат во однос на почитувањето на овие правила, организаторите на проектот одговорија дека за таков механизам сеуште се разговарало но дека тој сé уште не е воспоставен.

Работата на МРТВ е под лупа и во јавноста важи за пристрасна кон власта со години наназад, а известувањето за време на изборите се критикува во сите извештаи на ОБСЕ-ОДИХР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.