Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкетната комисија за личните карти усвои Деловник за работа без опозицијата

0
By Влатко Чаловски on January 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 28, 2016 15:15


Новоформираната Анкетна комисија за аферата со фалсификуваните лични карти на денешната прва седница го изгласа деловникот за работа и покрај бојкотот на опозицијата.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски оцени дека има доволно членови за усвојување на Деловникот.

Комисијата се договори прво да се изготви план за работа, а потоа пратеничките групи и независната пратеничка Солза Грчева до понеделник да достават листа на сведоци кои би сведочеле пред оваа Комисија.

По предлог на Димовски во Деловникот влезе и идејата да се направи табела од сите информации кои беа објавувани во медиумите, а се поврзани со аферата за личните карти, меѓутоа ова Комисијата ќе го расправа со резерва, бидејќи не може да ги потврди сите објавени информации.

Секоја пратеничка група и независната пратеничка Грчева до понеделник треба да дадат предлог дали треба да се посети некоја институција која е поврзана со аферата за личните карти и како петта точка до понеделник Комисијата треба писмено да се обрати до која било институција која може да им даде информации за да помогне при извршување на работата. Ваквиот Деловник беше изгласан со еден воздржан.

Илија Димовски рече дека Деловникот во суштина е ист како и Деловникот од Анкетната Комисија за прислушувањето и според него, се остава можност за другите членови да се приклучат во понатамошната работа.

Расправата траеше околу половина час и се одвиваше мирна атмосфера.

Пред почетокот на седницата на оваа Анкетната комисија, пратеникот Петре Шилегов од СДСМ на прес-конференција истакна дека ВМРО – ДПМНЕ измислува нова драмолетка за нова Анкетна комисии и го потврди бојкотот на опозицијата во нејзината работа.

Новата Анкетна комисија е формирана на предлог на ВМРО – ДПМНЕ, од каде аферата со фалсификуваните лични карти што ја откри неделникот Фокус ја поврзуваат со опозициската партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.