Првиот човек на Фершпед Штерјо Наков и неговата десна рака Кираца Трајковска, по 20 години се повлекуваат од врвот на „Фершпед“, дознава НОВА од извори блиски на менаџментот на оваа шпедитерска компанија.
На 29 март акционерското собрание ќе бира нови членови на надзорниот одбор, а освен познатите бизнисмени Наков и Трајковска, предложени се Невенка Ристовска и Виолета Татабитовска. Се уште нема информации кој би го заменил Наков, иако се претпоставува дека на неговата фотелја би седнач еден од неговите двајца синови, Драган Наков, додека останува енигма наследникот на Трајковска.
Тајкунот Наков од Фершед создаде проминентна шпедитерска фирма, за подоцна да ја зголеми својата империја со хотелот Александар Палас, хотелската компанија Метропол во Охрид со три хотели и конечно винаријата Сковин, сите успешни компании.