Се уште нема конечни резултати за Андреј Жерновски, кандидатот на Сојузот за иднината, за што причината се неусогласени броења во 4 избирачки места, дознава НОВА од извори во ДИК. Нашите извори објаснуваат дека заради различните пресметувања има застој во главниот компјутер на ДИК, поради што Центар се уште нема победник на изборите.
Во моментов според податоците на интернет страната на ДИК, Андреј Жерновски има освоени 51,78 проценти од гласовите.
Неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ од коалицијата „За подобра Македонија“ со 46,20 отсто од гласовите.