Ги нарекуваат луѓе фантоми. Немаат документи за идентификација, не постојат како граѓани на оваа држава, а сепак се тука меѓу нас. Со какви проблеми се соочуваат, како живеат, што преземаат институциите, има ли волја да се реши нивниот проблем, како да се забрзаат и олеснат постапките за вадење на лични документи.
На оваа тема во ПРОЦЕС зборуваат Љатифе Шиковска од НВО „Амбрела“ и Елвис Мемети од Министерството за труд и социјала, а Шерафедин Сејфула од лично искуство раскажа како е да се живее без лични документи.