НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Труд и социјала: Долговите од лани го испразнија буџетот за годинава

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои опасност годинашниот буџет на Министерството за труд и социјала да се потроши пред време бидејќи најголем дел од исплатите кои заостанале од минатата година се плаќаат со пари од буџетот од 2016.та година. Причина за тоа е што минатогодишниот буџет бил испразнет пред време, велат во Министерството за труд и социјала.

Станува збор за исплата за детски додаток за ноември, додаток за трето и четврто дете, за породилно отсуство, за мобилност и слепило, постојана парична помош, цивилна инвалиднина, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, за згрижувач и слично. Ден пред истекот на јануари Министерството успеало да префрли 311.588. 062 денари или повеќе од 5 милиони евра, долг кон овие корисници. Тоа се финансиски средства кои Министерството за труд и социјала ги должи кон најранливите категории граѓани.

„Ова сериозно ќе се одрази на буџетот од 2016 та година. Проблемот е во тоа што средствата во буџетот на Министерството се планирани за првите два, односно три квартали од 2015 та година, а за последниот квартал има нула денари, односно нема пари. Тоа не смее да биде така. Буџетот од 2016. та година со ова веќе е половина потрошен“, изјави на министерката Фросина Ременски на денешниот брифинг со новинарите.

Само на заштитните друштва кои вработуваат околу 3000 луѓе со инвалидитет средствата не им се исплатени од јуни. На нив со ставките од буџетот од оваа година Министерството треба да им исплати 200 милиони денари.

Од истите причини доцнат и исплатите и за породилно отсуство, велат во Министерството. Со пари од буџетот од оваа година успеале на 29 јануари да исплатат 68 милиони денари за октомври и 171 милиони денари за ноември, заостанат долг од минатата година.

Комуникацијата оди тешко со институциите, велат во Министертвото за труд и социјала. Од таму нагласуваат дека од Управата за јавни приходи чекале дури 75 дена за да ги добијат потребните податци за да можат да изготват решенија за 26 000 корисници на детски додаток за оваа година, за да можат да направат и уплата.

Минатата недела во НОВА во неколку наврати реагираа луѓе кои примаат додаток за мобилност(за инвлидитет)бидејќи не им стигнал финансискиот надоместок.

Министерството истиот ден(20.01. 2016) префрлиле 56.526.314 денари и за оваа категорија граѓани . Исплатен е и надоместокот за постојаната парична помош со вкупен износ од 30.164 313 денари.

Ова се само дел од финасиските средства кои од минатогодишниот се прелеале во овој буџет. Техничката министерка Ременски вели дека немаат никаква комуникација со заменик министерот Диме Спасов, за овие како и за многу други горливи прашања во ова Министерство. Ременски вели дека Спасов од ноември одбива да информира кои луѓе се наоѓаат во неговиот кабинет бидејќи тие што претходно биле се распоредени на други работни места, така што не може да се воспостави службена комуникација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.