„Прогласуваме победа во прв круг“, изјави за НОВА, Андреј Жерновски кандидатот за градоначалник на општина Центар, од Сојузот за иднината.
„Евентуално, доколку дојде до втор круг, јас сигурно победувам“, рече за НОВА, Жерновски.
Според него симптоматично е тоа што два дена по завршување на изборите шест гласачки кутии со изборачки материјал од Општинската изборна комисија се враќаат во Државната изборна комисија на пребројување.
Жерновски обвини за нерегуларности во тие избирачки места, бидејќи 5.000 гласа можат да го одредат победникот за градоначалник во прв круг.