НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПИОМ со долг од 440 милиони денари за само две недели

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цели 440 милиони денари е дефицитот на ПИОМ во првите две недели од јануари. Долгот на ПИОМ кон приватните пензиски фондови ќе се прелева и понатаму, а од Министерството за труд и социјала не знаат зошто не се сервисираат обврските кон приватните пензиски фондови.

ПИОМ не им ги дава податоците на Министерството како течеле месечните исплати кон пензионерите и фондовите, а министерката Фросина Ременски за ова ќе ја информира Владата.

Ременски потврди дека неколку пати се обидела и не ги добила податоците од ПИОМ, па најверојатно ќе поднесе кривична пријава против директорот на ПИОМ за попречување на законскиот надзор, иако вели дека тоа нема да го реши проблемот. Таа нагласи дека сака прво да ги исцрпи сите другите можности, бидејќи како што рече, сериозниот дефицит ќе се одрази на пензионерите.

Ременски имала состанокот со МАПАС, Агенцијата за супервизија и со претставници на ММФ, на кој се зборувало за проблемот со долгот кон приватните пензиски фондови.

Од ММФ упатиле на извештај на Светска банка во кој се вели дека на среден рок ПИОМ е финансиски неодржлив. Во разговорот со претставниците на ММФ минатата недела, тие не можеле да поверуваат дека има доцнење.

„Претставниците на ММФ побараа, односно прашаа дали имаме мерки за реформи на Пензискиот фонд. Сериозниот дефицит на ПИОМ, не може да не се одрази на корисниците“, изјави Ременски.

Од Министерството велат дека МАПАС има обврска да ги заштити правата на осигурениците кои плаќаат и во приватните пензиски фондови и затоа треба да се побара кривична одговорност од директорот на ПИОМ.

Но, според Ременски одговорност треба да понесе и Управниот одбор на ПИОМ, кој ја контролира работата на оваа институција. Таа вели дека финсиските извештаи ќе ги дадат одговорите на прашањата.

Но, претседателката на Управниот одбор Јасмина Иванова, која е поранешен шеф на кабинетот на заменик министерот Диме Спасов, а на оваа функција е веќе втор мандат како претставник на Министерството, одбивала да соработува.

Министерката Ременски од неа побарала детален финансиски извештај, но Иванова и одговорила дека нема потреба да и реферира бидејќи тоа ќе го стори пред Владата, која ја назначила.

Според министерката Ременски, политичкиот момент е пречка во целокупната комуникација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.