НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таксистите ќе ја блокираат границата, но и Гевгелија од среда па натаму

0
By Менче Атанасова Точи on February 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Блокирање на границата секој ден од 10 до 12 часот од среда па натаму, како и едночасовно блокирање на Гевгелија. Вака одлучија таксистите доцна попладнево, откако надлежните го прекршија договорот и бегалците се пренесуваат само со воз. Својот револт утре ќе го искажат со едночасовен протест низ Гевгелија. Денеска тие кратко с е собрале на пругата за која велат дека ја чуваат 120 полицајци по 24 часа.

„Границата со Грција ќе ја блокираме секој ден од 10 до 12 часот, а после тоа ќе одиме во Гевгелија, ќе го блокираме и градот по еден час. Така ќе биде с е додека надлежните не ја вратат одлуката што ја донесоа пред три дена, возот да сообраќа навечер , а таксистите да ги превезуваат бегалците преку ден“изјави за НОВА Миле Ангелов претседател на здружението на таксистите на Гевгелија.

Околу 280 таксисти се незадоволни бидејќи Македонски железници го држи монополот со превоз на бегалците, на кои им наплаќа по 25 евра билет. Тие велат дека не им е јасно зошто се прави ова кога лиценцираните таксисти си ги плаќаат сите давачки кон државата редовно.

„Плаќаме по 75 денари од патник на општината за комунални услуги, од тие 1000 денари што ја заработуваме по тура за нафтата останува акциза за државата, плаќаме по 400 денари патарина која останува во државната каса. Таксистите плаќаат придонеси и се самовработуваат со што го намалуваат бројот на невработени, плаќаме и фирма за обезбедување“, велат за НОВА таксисти кои протестираат деновиве.

Тие прашуваат што допринесуваат Македонски железници, особено ако се знае дека се АД Друштво, а не државна компанија.

Бегалците често пати се жалат дека не добиваат фискална сметка од кондуктерите и дека билет им наплаќаат и на инвалидите и на бремените жени кои стојат или седат по подовите. Возивите се во очајна состојба, со искршени прозорци и седишта.

Како сето ова ќе се одрази на патниците и целокупниот сообраќај, ако се знае дека и од грчка страна има протести, а со тоа и на протокот на бегалци, останува да се види.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.