Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска во Канал 5: Осум години не сум добила покана за гостување

0
By Влатко Чаловски on February 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 11, 2016 19:04

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска во денешното гостување во вестите на Канал 5, потенцираше дека изминативе 8 години воопшто не добивала покани за гостување во медиумот, и покрај тоа што уредничката Лидија Богатинова рече дека СДСМ постојано биле канети.

Во тензичното интервју, прашана за тоа каква била соработката со сите досегашни први луѓе на СДСМ, Шеќеринска рече дека проблемот е во тоа што доскорешниот премиер, Никола Груевски никогаш не соработувал со опозицијата.

– До 2005 со сите тие премиери и претседатели, Македонија стана кандидат за членство во ЕУ а во следните 10 години до денес, не сме се помрднале. Пред да дојдам погледнав едно од последните интервјуа на Груевски овде, и забележав дека на едно од прашањата, седум минути се плашевте да вмешате во неговиот одговор. Факт е дека Република Македонија денес е држава во која сите чувствуваме дека имаме изгубено многу време и многу години и факт е дека голем настан е дали интервјуто со опозицијата овде ќе биде пристојно или не, одговори Шеќеринска.

Како што рече таа, во периодот кога СДСМ ја носел одговорноста, оваа држава од земја во војна стана земја, прва после Хрватска, кандидат за членство во Унијата.

Потпретседателката на СДСМ со анализи од мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР врз медиумите, пред Богатинова презентираше забелешка дека Канал 5, 46 отсто од својот простор го остапувал на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа воедно дополни и дека изминатава недела, 2 часа поминале со позитивни информации за ВМРО-ДПМНЕ, а 2 минути биле неутрални, додека еден час и половина се презентирале негативни вести за СДСМ.

– Дали сметате дека милионите евра се доволни за да го покријат овој срам и да покажат дека нема теми кои ги покривате во интерес на граѓаните. Затоа опозицијата е забранета. Во 20 дена, една секунда не сте дале критична за ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа е причината што во текот на 2015, милиони евра се влеале во оваа телевизија, рече Шеќеринска, по што Богатинова се надоврза дека таа ги нема истите анализи и не верува во нив.

Коментирајќи ги шпекулациите на медиумите блиски до власта, дали специјалната обвинителка Катица Јанева минатата вечер разговарала со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Шеќеринска ги отфрли информациите потенцирајќи дека тоа се режимски лаги.

– Одговорно тврдам дека тоа не се случило, но она што е интересно е како Јанева на почетокот беше доечака со аплаузи а сега наеднаш стана непријател. Јанева беше со консензус изгласана. Груевски мисли дека може се да контролира, и кога виде дека тлото го губи, почна со хајка против неа, одговори потпретседателката на СДСМ.

Како и вчерашното гостување на Зоран Заев во Сител, така и денешното на еден опозициски претставник во телевизија која важи за блиска до власта, наликуваше повеќе на дуел помеѓу новинар и политичар, отколку интервју, во кое очигледен беше недостатокот на разговори поврзани со политичката криза, партиските предизборни кампањи и прашањата за кои јавноста очекува да ја слушне вистината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.