ДИК после два дена на официјалната веб страна ги објави резултатите на локалните избори за за општина Центар. Сепак, и покрај прогласувањето победа на кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски над Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи втор круг.
Жерновски има 49,18 % од гласовите, додека Владимир Тодоровиќ- 44,04 % од гласовите. Освен тоа, има 1.401 неважечко ливче или 5 % од вкупниот број на гласови.