НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку чини слободата?

0
By Нова ТВ on March 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука нема компромис“, оваа порака од великанот на македонското новинарство Никола Младенов се споделува на социјалните мрежи.

Веста за трагичната смрт на Младенов, кој настрадал во сообраќајна несреќа, кај клучката кај скопската населба Хиподром, се уште не е потврдена од МВР.

Никола Младенов е великан на македонското новинарство, сопственик на дневниот и неделниот Фокус, еден од највлијателните и најпочитуваните новинари и поборник за слобода на медиумите и критичното новинарство. Младенов беше еден од најголемите критичари на работата на секоја власт.

Никола Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Тој е новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ, како главен и одговорен уредник на Млад Борец, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле во неформалната „црна листа“ во македонското новинарство.

Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување се децениските гревови на комунистичката номенклатура му донесуваат на Млад Борец углед на предводник на демократските процеси во СРМ. Во 1995 година Младенов го основа Фокус, влијателен информативно-политички седмичник во Република Македонија.

Својата кариера ја почна како надежен млад актер, а кон средината на 80-тите почнува со работа како новинар во „Млад Борец“. Тој е еден од луѓето што ги воведе плуралистичките правила во македонското новинарство, заедно со својата екипа во Млад Борец.

По Млад Борец тој го основа радиото Либертас, а набргу, во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус, како прв слободен и независен неделен весник во Македонија.
Со логото „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ Фокус, под водство на Младенов станува еден од главните столбови на новото македонско општество.

Младенов го градеше брендот на Фокус цели 20 години, речиси една половина од неговиот животен век, создавајќи медиум во која најважна беше речта на слободниот говор, слободата беше императивот на неговите написи.

Во 2011 година Младенов го основа и дневниот весник „Фокус“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.