„И да има прегласување во едно, две или три места, во што воопшто не верувам поради измислените забелешки од ВМРО – ДПМНЕ кои целосно не држат вода, немаат ниту теоретски шанси да предизвикаат втор круг“, вели за НОВА, Зоран Заев кандидат за градоначалник на Струмица.
После пребројувањето на сите гласачки ливчиња, ДИК на својата веб страница ги објави резултатите од гласањето во Струмица, според кои Зоран Заев, како кандидат на Сојузот за иднината има освоено 52,63 проценти од гласовите, наспроти кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“, Васил Пишев кој освоил 46,82 проценти.
ВМРО – ДПМНЕ вчера поднесе приговори за нерегуларности при одржувањето на локалните избори во Струмица.