НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лондон:Балканот ги претстави инвестициите,Македонија без премиер на Самитот

0
By Менче Атанасова Точи on February 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никој од Македонија не присуствуваше на Самитот за инвестиции на земјите од Југоисточна Европа што вчера се одржа во Лондон. На Самитот кој го организираше Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), присуствуваа премиерите од земјите во регионот, како и министри и бизнисмени.

Премиерот на Македонија не беше меѓу присутните премиери од регионот кои ги претставија потенцијалните инвестиции и го промовираа приливот на странски инвестиции и прекугранични проекти. Нема одговор од Владата и од МНР, дали бил присутен некој од министрите, односно дали меѓу присутните имало некој на пониско ниво.

Но, ниту во извештаите на агенциите, ниту на видео материјалите не може да се види дека некој ја претставил Македонија и странските инвестиции во земјата. Единствено од кабинетот на претседателот на државата одговорија дека од таму немало претставник.

На Самитот премиерот на Србија Александар Вучиќ истакна дека Србија минатата година имала 1, 7 милијарди евра директни странски инвестиции и дека за одржлив систем и требаат најмалку уште две милијарди.

„ Освен ЕУ,најголем трговски партнер на Србија се земјите од регионот и најголем суфицит оставаруваме во регионалната трговија. За нас овие луѓе се многу важни и ние знаеме колку е важно да вложуваме не само во економските, туку и во политичките односи“, изјави Вучиќ.

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ го претстави планот за за активирање на т.н мртов капитал во државата, како неколку проекти во областа на енергетиката и инфраструктурата.

„Кога ги гледаме фондовите за инвестиција ги имаме овие 10, 7 милијарди евра кои можеме да ги искористиме и тоа е до нас. Во врска со инвестициите од странство ние треба прво да покажеме дека сме стабилни во однос на даночната политика, ако се менува даночната политика секои шест месеци, тогаш кој ќе инвестира“, изјави Орешковиќ.
Босна и Херцеговина преку својот премиер ги претстави инфраструктурните проекти, а особено понатамошната изградба на Коридорот 5.

„Втор приоритет е Јадранско- јонскиот автопат кој поминува низ БИХ и тоа е вистинска политичка порака за целиот регион, а ќе значи поврзување на БИХ со шест или седум земји од овој регион“, порача вчера на Самитот премиерот на БИХ, Денис Звиздиќ.

ЕБРД меѓу останатото најави дека дека ќе биде покрената регионална платформа за трговија со хартии од вредност на бугарската, хрватската и македонската берза.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.