Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека би било погрешно доколку одлуката за распуштање на парламентот се донесе без учество на сите политички страни. Ова го изјави попладневно веднаш по средбата со европратеничката тројка во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
„ДУИ досега неколкупати ги менува ставовите за доброто на македонските евроинтеграции. По разговорот со европратениците го видов светлото на крајот на тунелот“, рече Ахмети,
„Сите инволвирани страни се во комунијација со европратениците, одговарајќи на новинарско прашање дали денеска е во контакт со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.