Министерката за култура Канчевска Милевска се уште нема точни податоци колку чини новиот театар, за која бше најавено дека ќе биде отворен денеска. Таа се извини за задоцнувањето, најави дека ќе биде отворен на крај на мај.
Според податоците што се достапни од Бирото за јавни набавки, цената за изградба и опремување на Стариот театар достигнува сума од повеќе од 39 милиони евра. Оваа бројка е добиена од објавените податоци за склучени договори.
„ Неприфатливо е да се пласираат невистини во јавноста дека анекси се прават во четири очи. Секој од анексите е потврден од проектантски и од стручен надзор и се е во согласно со законот. Никаде не се надминати 30 отсто од основниот договор, некаде е 1 или 0,1 процент… Се што е вградено внатре доста чини, а вложеното ќе се види во театарот… целта беше тој да биде максимално квалитетен, да биде како што треба и по сите стандарди.“