Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли: Ако сите играат по правилата, не гледам зошто би немало избори на 5 јуни

0
By Борјан Јовановски on February 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 23, 2016 17:45

Интервју на Глас на Америка

Глас на Америка:Извештајот на САД и ЕУ беше оквалификуван како политички од страна на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Што според Вас во содржината на извештајот можело да наведе на ваква квалификација?

Џес Бејли: Европската Унија и САД поставија критериуми во писмото од 28 јануари со цел да бидеме сосема транспарентни во врска со тоа што го оценувавме. Сите партии, вклучувајќи го и раководството на ВМРО-ДПМНЕ го поздравија нашиот приод и не искажаа никаква загриженост околу критериумите. На 20 февруари ја споделивме нашата оценка дека повеќето од тие критериуми не беа задоволени. Во најголемиот број случаи, не постоеше субјективен суд, туку само одговори со да и не на прашања поврзани со факти.

Глас на Америка:Која е методологијата по која го изготвивте овој извештај? Кои беа вашите извори на информации кои Ве доведоа до заклучок дека Македонија не е подготвена да организира фер и демократски изборен процес во април?

Џес Бејли: Во врска со критериумите поврзани со ДИК, ние само обезбедивме одговори на прашањата поставени во нашето писмо од 28 јануари – дали ДИК е целосно обезбедена со персонал и финансии;дали ДИК ги завршила првичните вкрстени проверки на дата базите; дали договорените планови се исполнети за спроведување на теренска проверказа да се отстранат имиња кои не припаѓаат таму и за воспоставување на механизам на жалби. ДИК ги обезбеди тие одговори, а меѓународните експерти за избори додадоа детали.

Во врска со медиумските реформи, требаше да се одговори на најдиректното прашање – дали имаше постигнато договор за медиумските реформи. Немаше постигнато таков договор. За заплашувањето на гласачи и одвојувањето на државата од партијата, исто така беше лесно да се одговори дали високи државни службеници имаа излезено со конструктивни јавни изјави. Премиерот Димитриев и г-динот Груевски имаа, а ДУИ ги адресираше овие прашања во својата платформа. Нашата оценка, исто така се засноваше и на многуте разговори што ги имавме со владини претставници, претставници на медиумите, групи од граѓанското општество што се занимаваат со мониторинг, како и нашите сопствени опсервации.

Глас на Америка: Како што најавивте пред еден месец клучни критериуми за овој извештај се подготвеноста на избирачкиот список, одвојувањето на партијата и државата и медиумите. Прво би сакал да ве прашам за тоа што е вашиот наод околу избирачкиот список што е тоа што недостасува, а што не може да бие корегирано до 24 април?

Џес Бејли: Пред се, важно е да се забележи дека имаше големо одолговлекување во основањето на новата Државна изборна комисија. Според Договорот од Пржино, ДИК требаше да се формира и да има нови овластувања до 30 септември, но нејзиниот состав не беше утврден се до 16 декември. Тоа исклучително го ограничи времето што остана на располагање за утврдување на процедури, за вработување на персонал, и за финализирање на оперативните планови. Без разлика, ние ги поздравуваме напорите на ДИК да го исполнат својот мандат под ваков голем временски притисок.

Што се однесува до Избирачкиот список, заедничкото писмо на ЕУ и САД од 28 јануари укажа дека основен критериум за нашата оценка ќе биде дали до 19 февруари ДИК ја има завршено првичната споредба или “вкрстената проверка” на одбраните владини бази на податоци со стариот Избирачки список. Дури откако споредбата на тие стотици илјади имиња, содржани во тие десет бази на податоци,ќе биде завршена, само ДИК ќе има претстава за тоа колку проблеми или аномалии треба да се решат. И дури откако таа информација ќе биде утврдена, може да се знае дали има доволно време да се истражат тие аномалии и да се донесат одлуки кои од проблематичните имиња треба да останат во Избирачкиот список, а кои треба да се избришат.

ДИК вели дека вкрстената проверка може да се заврши за две недели. Но, може да се утврди дека има премногу проблеми за да се поправат во временскиот рок до изборите на 24 април. И доколку Собранието се распушти на 24 февруари, ќе биде предоцна да се обезбеди дополнително време, неопходно за да се обезбеди веродостоен Избирачки список. Некои може да тврдат дека можно е да се најде пократок пат за да се прочисти Избирачкиот список на време, но скратените патишта не се одговор кога станува збор за основното демократско право – правото на глас.

Лидерите веќе разговарале за 5-ти јуни, како можен алтернативен датум за изборите. Одлуките за одредување на датумите за избори е секогаш одговорност на Собранието. Имајќи го ова во предвид, доколку сите работат напорно и ги почитуваат правилата, не гледаме никаква причина зошто не би можело да се организираат кредибилни избори на 5 јуни.

Глас на Америка:ЕУ и САД бараат раздвојување на партијата и државата. Кои се индикаторите по кои ја дадовте вашата оценка во врска со ова прашање?

Џес Бејли: Ние го поздравуваме писмото на премиерот Димитриев од 9 февруари до членовите на Владата и до високите државни службеници, како и изјавата на г-динот Груевски во неговото интервју од 19 февруари. Меѓутоа, повеќе веродостојни пријавени случаи покажуваат широко распространета практика на високи државни службеници кои бараат од своите подредени да обезбедат списоци на лица кои ќе гласаат за одредена политичка партија, или пак да се вклучат во други политички активности. Исто така, имаше повеќе веродостојни пријавени случаи, многу од нив објавени јавно од организации на граѓанското општество, за користење на државни ресурси од страна на владини функционери за политички цели. Освен тоа, немаме никакви индикации дека Канцеларијата на Јавното обвинителство презело проактивни мерки за истражување или санкционирање на таквите злоупотреби.

Глас на Америка:Преговорите за медиумите не донесоа резултат. Кои се вашите информации зошто и по толку време преговори во оваа област од витално значење за демократијата не се најде решение?

Џес Бејли: Партиите во ноември 2015 година започнаа преговори за медиумите, и сите политички партии работеа напорно за да постигнат компромис. До крајот на минатата недела, остана отворено едно примарно прашање – составот на бордот на МРТВ и на Советот за аудиовизуелни услуги. Три партии го прифатија принципот членовите на овие тела да бидат квалификувани, независни професионалци, избрани преку отворен конкурс и изгласани од Собранието. Меѓутоа, една партија го одби овој предлог, и невозможно бешеда се постигне договор без консензус за реформи во медиумите.

Глас на Америка:Сведоци сме на црна кампања против медијаторот Ванхојте. Каква е вашата оценка за неговата работа и дали тој ќе може да продолжи да биде медијатор во една ваква атмосфера?

Џес Бејли: Г-динот Ванхојте игра клучна улога во имплементацијата на реформите што беа спроведени во согласност со Договорот од Пржино, вклучувајќи го тука и ревидираниот изборен законик и постигнувањето на договор помеѓу партиите во врска со назначувањето на независен обвинител кој ќе истражува кривични дела што се поврзани со или произлегуваат од незаконското следење на комуникации. Нападите врз него се длабоко разочарувачки.

Глас на Америка:Рековте дека Македонија ја делат уште неколку часови до точката од која нема враќање. Кои ќе бидат според вас последиците доколку ВМРО ДПМНЕ и нивниот партнер ДУИ се одлучат да одат на избори на 24 април?

Џес Бејли: Лидерите на сите политички партии имаат обврска да ги донесат потребните одлуки што ќе обезбедат кредибилни избори, потребни за да се исполни Пржинскиот договор и Македонија да се врати на патот на евроатлантската интеграција.

Глас на Америка: Во јавноста често е присутна шпекулацијата дека ДУИ е партија која е под влијание на САД. Дали е тоа точно и дали очекувате дека ДУИ ќе поддржи одлука на ВМРО-ДПМНЕ да се оди на 24 април на избори без разлика на содржината и препораките на вашиот извештај?

Џес Бејли: ДУИ повеќе пати нагласиле дека една од нејзините примарни цели е евроатлантската интеграција и членството во НАТО и ЕУ. Според нашите информации, ДУИ има јавно кажано дека нема да учествува на избори на 24 април. И други партии дадоа слични изјави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.