НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до судиите на Уставен суд

0
By Нова ТВ on February 25, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

(Издвоено Мислење)

Почитуван судија известител и останати судии на Уставен суд,

Статистичките податоци укажуваат дека имате одбиено најмногу барања за заштита на слободите и правата, па со ова ме ставате во дилема, дали ние граѓаните имаме осет за слободи и права?

Еве признавам, помислив дека имам осет за слободи и права. И поднесов барање до Уставен суд. Се понадевав дека моето барање У.бр.41/2015 ќе биде професионално разгледано од страна на судијата известител.

Основот на моето барање беше заштита на моите слободи и права по основ социјална дискриминација, затоа што низ повеќегодишна судска постапка, а која започна со достава на договор за вработување (без печат, без потпис ниту од страна на работодавачот, ниту од моја страна) истиот стана правно валиден низ судскиот процес, па отказот од ваквиот договор за вработување беше потврдено со судските пресуди дека е законски.

Во моето објаснување на барањето за заштита на слободите и правата, децидно како појдовна основа истакнав дека не може договор без основни законски елементи да биде валиден ( ако се почитува законот, нели) и не може отказ од ваков договор да биде законски, иако со конечните пресуди на Врховен суд овој отказ излезе дека може да биде законски. Вие елегантно го заобиколивте овој „мал детал“ образложен и поткрепен со докази од моја страна, и еве произлезе дека во Р.Македонија договор за вработување без печат, без да биде потпишан од ниедна страна, сепак може да произведе отказ. Да не е тажно би било смешно.

Но вашето решение за отфрлање на ова барање се базира на тоа дека сум посочувала социјална дискриминација по основ на платата која произлегувала од работниот однос?!

Па се прашувам кое и чије барање вие судија известител сте разгледувале, наместо моето барање?

Моето барање не се однесува на социјална дискриминација по основ плата која произлегува од работен однос, бидејќи јас добив ОТКАЗ врз основ на доставен незаконски договор како начин на спроведување на претходна судска одлука за враќање на работа. Значи не ни тргнав на работа, туку добив ОТКАЗ зашто не прифатив ваков непотпишан и без печат договор да биде начин на спроведување на правосилна и извршна судска одлука. Ако сум ви посочила дека заради незаконски отказ поради незаконски договор за вработување лицето останува без плата, а се во функција на образложување дека ова е пример на дискриминација по основ социјална припадност, бидејќи платата е еден од основите за определување на социјалната припадност, па кога ќе добиете незаконски отказ останувате без плата, вие давате образложение дека немам доволно аргументи?! И во наредниот пасус самите појасните што е дискриминација, па наведувате:

„Изразот дискриминација подразбира разликување, исклучување или предност заснована врз раса, боја на кожа, пол, вероисповед, политичко мислење, национално или социјално потекло кои доведуваат до анулирање или намалување на можностите или третманот на граѓаните во определена работа во определена област, пред надлежни органи и други организации, институции или слично“.

Па еве да тргнеме дали има или нема дискриминација, според вашето горенаведено образложение и тоа по ред:

1. Дали не е анулирање-дискриминација, ако се води судски процес поради отказ врз основ на договор за вработување доставен без потписи и печат и заради кој во целата постапка се истакнува дека доставување на ваков ништовен договор е незаконски начин на спроведување на претходна пресуда со која се задолжува работодавец да врати лице на работа?

2. Дали не е анулирање-дискриминација кога со отказот од ваков договор, лицето останува без плата, а вие не можете со сигурност да заклучите каде сум припаѓала социјално и општествено пред и после отказот???

3. Дали не е анулирање-дискриминација и од Ваша страна кога образложувате дека не можете со сигурност да заклучите каков бил мојот социјален статус и дали заради тој статус сум имала нееднаков третман наспрема другата страна!? Па ако се почитуваа законските одредби во постапката од страна на судовите, тогаш се сложувам дека ќе имав еднаков третман и сигурност кои ги нудат законите, и не ќе поднесував барање до Уставен суд. Но ако вие не сте сигурни дека можете да утврдите, како што наведувате, тогаш зошто одлучивте да го отфрлите барањето? Имавте можност и начин да утврдите …Сепак одлучивте да го отфрлите барањето.

4. Дали не е анулирање-дискриминација и од Ваша страна кога по основ на втората точка во барањето а кое се однесува на мојата слобода на уверување дека согласно Уставот, органите и институциите во државата се должни да работат според законите, и истите ги спроведуваат законските одредби… Со конкретен пример и докази ви посочувам дека е работено спротивно законите, бидејќи доколку судот се придржуваше меѓу останатото само на одредбите од Законот за работни односи , моето барање немаше да биде предмет на ваше (не)разгледување…Но вие и моето право на уверување го образложувате дека е со недоволна аргументација?!

И на крајот имаме заклучок: Неспроведена пресуда за враќање на работа, понатаму, според судовите во Македонија валиден е договор за вработување доставен без печат и потпис, и според судовите валиден е секој отказ произлезен од ваков (не) договор за вработување, заради несогласување на работникот со ваков начин и ваква постапка на непочитување и неспроведување на законски одредби.

Нема дискриминација почитувани судии?

Oд подносителот на барањето за заштита на слободите и правата У.бр.41/2015

Лилјана Кочоска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.