Вечерва во девет часот колеги новинари и граѓани почнаа да се собираат на кејот на Вардар каде палат свеќи за новинарот и сопственик на дневниот и неделен “Фокус”, Никола Младенов, кој денес трагично загина во сообраќајна несреќа.
Утре во 11 часот ќе се одржи комеморација за Младенов во киното “Фросина”. Погребот е закажан за 2 часот попладне, а последна почит во капелата на градските гробишта “Бутел” ќе може да се оддаде во 13:30 часот.
Полицијата се уште нема излезено со официјални информации за причините за сообраќајката на влезот во Скопје од Петровец, истражен судија ги утрвдува околностите под кои возилото на Младенов ислетало од патот.
Телото на Младенов е предадено на Судска медицина на обдукција, а возилото ќе биде предмет на вештачење на стручните лица.
Долго време траеше увидот а полицијата не им дозволувала пристап на новинарските екипи.
Според медиумите, претставници на Хелсиншкиот комитет најавиле дека ќе побараат увид во целиот процес на истрагата за несреќата.