Непознати лица го нападнале и го претепале Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, кој е еден од донаторите на 51 метарскиот крст што утрово беше осветен во Општината Бутел. Петров пред два часа бил донесен во Ургентниот центар, потврдија за НОВА од Хируршките клиники.
„Донесен е со видливи повреди, се гледаат удари. Но, во текс е снимања и иследувања по што точно ќе се утврди за какви повреди се работи„, изјавија за НОВА од Ургентниот центар.
Тодор Петров заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалниците на Бутел и Гази Баба, Петре Латиновски и Тони Трајковски, заменик-министерот за труд и социјала Диме Спасов и други претставници од политичкиот врв во земјава присуствуваа на осветувањето на темелите на грандиозниот крст.
Од МВР соопштија дека за подоцна ќе излезат со детали за овој настан.




