Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хафингтон пост: Хрватска длабоко забразди во радикална десница

0
By Нова ТВ on February 29, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 29, 2016 13:15

Малку се зборува, но она што се случува во Хрватска е вознемирувачко од демократска и од европска перспектива. По Полска и Унгарија, Хрватска е уште една членка на ЕУ која забразди во радикална десница, пишува американскиот весник Хафингтон пост во изданието на француски јазик.

Новата хрватска Влада е блиска до Опус деи, една од највлиајтелните организации во крилото на Римокатоличката црква, во која има министри кои се склони кон ревизионизам и фундаментализам.

По изборите кои донесоа изедначени резултати на левата и десната опција и долги постизборни преговори, десницата коалицираше со МОСТ. Симпатично име за млада партиска формација која се обиде да се претстави како опција поблиска до центарот,но всушност е блиска до верското милје.

Министерот за култура во усташка униформа

За новиот министер за култура (Златко Хасанбеговиќ) се зборува многу. Доаѓа од главната десна партија. Тој е млад историчар склон кон ревизионизмот. За него историјата на Втората светска војна е „хипотеза“ која ја диктирале победниците. Тој самиот е склон кон поразената страна.

Извесно време во медиумите се врти негова слика во усташка униформа. Се работи за пронационалистичка партија која водеше геноцидна политика против Евреите, Србите и Ромите. Имајќи ги предвид неговите години на старост, тој не учествувал, но бил член на неоусташка групација.

Неговата слика во усташка униформа, која сега е предмет на полемика, се појави во 90 тите години во еден екстремно десничарски весник. Тој тоа прво го негираше, за подоцна да бара изговор дека тоа биле негови младешки гревови. Не е уверлив.

Како научник, многу и посветено пишувал за еден аспект на усташкото движење. Идејата била да се здружат муслиманите и пронацистичките католици против заедничките непријатели.

Тогаш изјавил дека оние кои говорат за исламофашизмот се дел од моќното еврејско лоби чија цел е да и наштетат на перцепцијата која постои за муслиманите.

За да биде прецизно, тој е бошњачки муслиман, што не го спречува да има заедничка опсесија со радикалните католици, како на пример противење на хомосексуалните бракови. Пред три години здружението „Во име на семејстото“ потпомогнато со црквата, организира референдум за бракот да се дефинира исклучиво како машко- женска заедница.

Социјалдемократската партија тогаш возврати со донесување на Законот за животно партнерство или еквивалент на францускиот закон ПАЦС, законот за граѓанска заедница за заедничко живеење. Овој закон денес е загрозен поради новата Влада која исто така би можела да го доведе во прашање ио правото на абортус и да интервенира во слободата на медиумите.

Нова Унгарија?

Новиот премиер го поддржува министерот за култура. Неговиот советник за меѓународни односи е исто така член на Опус деи како и министерот за култура и водел кампања против хомосексуалните бракови.

Најлудата работа во целата приказна е патот на самиот шеф на Владата кој исплива од нигде никаде. Официјално не припаѓа на ниту една партија, ниту бил на избори. Едвај говори хрватски, со силен канадски акцент. Доаѓа од канадската дијаспора и претходно бил врзан со фармацевтската индустрија. Сосема неочекувано тој навидум неутрален човек, католички ориентиран, стана премиер. Макар и на хартија.

Но вистинскиот шеф на таа коалиција е Томислав Карамарко. Непопуларен и радикален, го подджува министерот за култура, неговиот штитеник. Слави што Владата конечно е составена од оние „кои знаат да се прекрстат“. Тоа е терминологија која во усташко време се користела за стигматизирање на оние кои ја смениле верата (православни или Евреи) кои емигрирале за да избегнат освета.

Иако граѓаните не гласаа за ваква опција, оваа членка на ЕУ би можела да зачекори назад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.