Published: Monday, February 29, 2016 13:42
Фотографија: Ројтерс Со голема метална шипка мигрантите успеаја да ја пробијат оградата на грчо-македонската граница, по што полицијата употреби солзавец за да ја разбие толпата.
Во моментов, речиси 7,000 луѓе се заглавени на границата од грчка страна во надеж дека ќе успеат да поминат. Мигрантите кои веќе со денови не можат да поминат спијат во кампови во субстандардни услови со малку храна и речиси никаква медицинска помош, информираат невладините организации кои се распоредени од другата страна на границата.
Тимови на сите светски познати медумски куќи се на границата во очекување на вжештување на кризата.




