Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТИ: Одлуката на Уставниот суд е спротивна на меѓународните стандарди

0
By Нова ТВ on March 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 1, 2016 13:14

Транспаренси Интернешнел Македонија изразува загриженост поради Одлуката на Уставниот суд од 24.02.2016 година со која се врши интервенција во членот 1 од Законот за помилување и на тој начин му се овозможува на Претседателот на Република Македонија да помилува лица осудени, меѓу другото, и за кривични дела на корупција при гласање и избори, како и да спречи нивно кривично гонење.

„Борбата против корупцијата во Република Македонија оди бавно и тешко, што беше потврдено и во извештајот на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, која утврди дека нашата земја се соочува со проблеми во оваа област. Во него меѓу другото се нагласува неопходноста од соодветно реагирање на нерегуларностите утврдени од меѓународните набљудувачи, вклучително на изборната корупција и на политичката инволвираниот во изборните манипулации.“ велат од невладината.

Според нив, овој чин е во спротивност и со меѓународните стандарди, а посебно со препораките на ГРЕКО (Група на земји против корупцијата) да се обезбедат механизми за казнување на сторителите на кривични дела поврзани со корупција и изборни манипулации и да не дозволи простор сторителите да ги избегнат казните за она што го сториле.

„Одлуката на Уставниот суд да промени одредба со која на Претседателот на Република Македонија му овозможува арбитрарно да одлучува кој може да биде гонет, а кој не, или кој може да издржува казна, а кој не е спротивна на сите меѓународни стандарди и истата ќе преставува уназадување на сите процеси за воспоставување на владеење на правото и демократија и ќе ги уназади можностите исполнување на стандардите за влез во Европската Унија.

Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува институциите да ги имаат во предвид добрите практики од регионот и Европа, каде овие кривични дела се изземени од законските рокови на застарување, а на претседателите на државите и владите им се оневозможува интервенција во водењето на постапките против лица за кои постојат сомневања за корупција.“ се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.