НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Никола Младенов“: Наградени новинарите на БИРН, НОВА, Телма, Скуп

0
By Влатко Чаловски on March 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Главниот уредник и новинарката на НОВА, Борјан Јовановски и Сашка Цветковска, заедно со новинарот Горан Ризаов, се добитници на третата награда „Никола Младенов“ за истражувачка сторија, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, за серијалот истражувања за „Македонски Телеком“, објавени на НОВА.

Третата награда тие ја поделија со Џелал Незири за сторија објавена на Скуп.

Првата награда ја доби тимот на БИРН за истражување „Скопје 2014 под лупа“, како истражување кое од особен интерес за јавноста.

Втората награда и припадна на Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, објавен на ТВ Телма.

Прва награда:
– Скопје 2014 под лупа
Втора награда:
– Кога здравствениот систем убива дете
Трета награда:
– Доказите за „Телеком“ под тепихот на обвинителството
– Истрага „Телеком“: Дивидендата под сомнеж дека служела за поткуп
– Истрага „Телеком“: Договорот со Аналитико како „респект“ за ВМРО-ДПМНЕ
– Почеток на крајот – уништување на доказите во случајот Телеком
– Каде завршија останатите 20 милиони евра од аферата „Телеком“
– Властите ги игнорирале барањата за сведоци во аферата „Телеком“
– Афера „Телеком“: Сведоците ги откриваат тајните
– Афера Телеком: “Ненормална ситуација бара ненормална дискреција”
– Во токсичкото кралство на Југохром

Пофалници годинава за истакнат новинарски ангажман при истражувачка сторија добија неколку новинари, меѓу кои Сашка Цветковска, Владо Апостолов, Петар Клинчарски и Сузана Мицева.

Годинешново доделување на наградите беше 15-то по ред, а од 2013 оваа награда го носи името на трагично починатиот истакнат новинар и сопственик на Фокус, Никола Младенов.

Како што информираше жирито, годинава биле пријавени 20 автори со 37 стории, и се забележуваат повеќе стории објавени на онлајн медиумите за разлика од печатените, од каде што конкурирале многу малку новинари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.