НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ји: Да се поддржи работата на Јанева, секој одговорен за кризата да одговара

0
By Влатко Чаловски on March 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Високиот претставник на Стејт Департментот, Хојт Ји, по серијата средби со највисокиот државен врв, денеска во изјава за медиумите потенцираше дека САД и ЕУ одблиску го следат спроведувањето на Договорот од Пржино, потребните реформи во медиумите, прочистувањето на Избирачкиот список и работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Одблиску гледаме на некои специфични проблеми а тоа ги вклучува Избирачкиот список кој е во процес на прочистување и драго ние што е започната вкрстена проверка, а исто така ги набљудуваме и реформите во медиумите и улогата на медиумите за обезбедување на фер поле за изборите. Одблиску гледаме и на целокупната атмосфера во која гласачите треба да можат да гласаат слободно. Сметаме дека е многу важно сите страни да соработуваат со работата на специјалната обвинителка за нејзината работа да биде без политичка вмешаност и независна, изјави Ји.

Покрај другото, Ји повтори дека сите институции и политичките партии треба да ја почитуваат работата на Јанева а секој кој згрешил и е одговорен за политичката криза во земјава треба да одговара согласно владеењето на правото.

– На сите наши состаноци потенцираме дека е многу важно да се поддржи Специјалното обвинителство, да се поддржи владеењето на правото, и да се осигура дека сите официјални претставници да одговараат за своите дела во согласност со владеењето на правото. Мислам дека нашата порака е разбрана од сите политички партии, очекуваме да го поддржат Специјалното обвинителство, ние ќе го набљудуваме тоа и ако забележиме прекршувања или опструкции ќе дадеме совет како треба да се постапи понатаму, заклучи Ји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.