НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Бидете умни драги Британци!

29
By Светлана Јовановска on March 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По 43 години членство во Европската унија, Велика Британија сака да излезе од европскиот клуб и се подготвува за референдум на 23 јуни.

Што ли и фали на Велика Британија во Унијата? Очигледно многу. Еве обид за кусо резиме.

Велика Британија никогаш не била многу среќна во својот брак со Унијата. Постарите се сеќаваат на европските згоди и особено незгоди со Маргарет Тачер која сметаше дека нејзината земја дава повеќе пари во Унијата отколку што добива назад. Нејзиното славно “I want my money back” (Ги сакам моите пари назад!) од крајот на 70 години е влезено во учебниците по европска историја. Патем, по неколку години инсистирање Тачер успеа да ги добие своите милијарди назад.

Но, да ја оставиме историјата.

Британците бараат подобра контрола на имиграцијата, подобра борба против тероризмот и враќање на британската сувереност, исклучително важна во британската култура. Поддржувачите на Брексит сакаат слободно да тргуваат со целиот свет без да внимаваат на европските регулативи. И се поддржувачи на Унија проширена на целиот континент.

По самитот во февруари посветен на Брексит, британскиот премиер Дејвид Камерон замина назад за Лондон со доволно напакувана торба за да може да се заложи“за”останување на земјата во ЕУ.

Во торбата има редуцирана социјална помош за европските работници како на пример детскиот додаток. Земјата ќе може да активира кочница кога ќе оцени дека миграциската пресија е пресилна. Камерон доби гаранција дека неговата земја нема да биде вовлечена во проекти кои водат во потесна европска интеграција. И успеа да се избори за заштита на лондонскиот финансиски центар од одлуките на евро зоната.

Накусо, Камерон доби специјален статус за Велика Британија. Што никого не изненади бидејќи оваа островска земја секогаш имала еден вид специјален статус и не е ни во Шенген ни во евро зоната.

– Место на масата на Европската унија, како во НАТО, е витален начин за проектирање на нашите вредности, влијание и сила во светот. Не зборува за национална гордост туку за нашите национални интереси. Британија е чудесна земја, петта најголема економија во светот и ние можеме да успееме во се што ќе преземеме. Но ако ме прашувате мене, како премиер веќе шест години, како да бидеме посилни и побезбедни сакам да бидам апсолутно јасен – нам ни е подобро внатре, вели Камерон.

Дали Камерон ќе ги убеди Британците ќе видиме на 23 јуни. Во меѓувреме Британците кои работат во Брисел и во ЕУ се сериозно загрижени. Ако Брекситот биде изгласан многу британски функционери ќе треба да се спакуваат и да си одат дома.

Тие надеваат дека францускиот министер за финансии има право кога вели дека Британците се доволно умни за да одлучат да останат во Унијата. А ако не се, тој им посака среќен пат!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.