Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комитетот за заштита на правата бара специјален судски оддел за предмети на СЈО

0
By Нова ТВ on March 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2016 16:37

Комитетот за заштита на правата изразува револт поради обидите на обвинетите во случајот „Титаник“ да го негираат дејствувањето на Специјалното јавно обвинителство. Од таму велат дека тие, заедно со неколку други злонамерници во своите јавни настапи се однесуваат како да се поткрепени од владејачката партија и со тоа вршат притисок врз судството!?

„Во името на стотици лажно обвинети и осудени лица, малтретирани, понижени и здравствено уништени во политички монтирани процеси порачуваме и бараме да се почитува законот и работата на СЈО. Многумина од нас до последниот здив ќе се борат за вистината, правдата и владеењето на правото кое не може да се случи без СЈО! Комитетот го повикува Специјалното јавно обвинителство храбро и забрзано да се зафати во костец со криминалот и да ги финализира сите свои предмети.

Македонското судство има неповторлива можност да се ослободи од режимските стеги и притисоци и да направи враќање кон нормалноста и професионалноста. Оваа историска шанса судиите како фела треба да ја зграпчат и да се изборат за својата независност“, се наведува во соопштението.

Комитетот потсетува дека во членовите 12 и 23 од Законот за судовите е предвидено формирање специјализирани оддели за карактеристични видови судски предмети. Во ставот (1) на член 12 е потенцирано дека работата во судовите по правило се врши во специјализирани судски оддели.

Исто така, потсетуваме дека со членот 32 и 122 веќе е формирано вакво одделение за организиран криминал. Во членот 88 од овој закон е предвидено овие оддели да имаат свои претседатели и заменици.

„Претседателот на Основниот суд 1 Скопје може да основа вакво специјализирано одделение составено од избрани судии. Комитетот за заштита на правата го повикува да го стори тоа!

Правосудните реформи, особено обуките и стручното усовршување на судиите, кои долги години беа финансиски поддржувани од меѓународните институции, на тој начин ќе бидат конкретизирани. Претседателот на судот, на овој начин ќе обезбеди високопрофесионално независно судење на сложените предмети на СЈО.

Комитетот цврсто стои на браникот на одбрана на уставно загарантираните слободи и права и владеењето на правото. Судството мора да биде независно и никој не смее да го држи во рака, и со закани во заложништво. Затоа контролната функција врз работата на судството мора да се врати во парламентот“ порачуваат од Комитетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.