Дванаесет иницијативи ќе поднесе ДИК до Основен суд Скопје 2 од усвоените приговори на здружената опозиција за првиот круг на локалните избори.
Судот ќе треба да одлучи дали ќе покрене прекршочни и дисциплински постапки.
Најмногу вакви иницијативи има за Свети Николе, четири, а по две се однесуваат за Тетово и за Градско.
По една иницијатива Државната изборна комисија ќе поднесе за општините Битола, Виница, Демир Капија и Валандово.
Дисциплинска постапка ќе се поднесе за претседател на избирачки одбор во Битола, кој гласачкиот материјал и печатот ги однел дома.
До ДИК во законски предвидениот рок, по затворањето на гласачките места по првиот круг од гласањето на локалните избори пристигнаа вкупно 428 приговори.
Најголем дел од приговорите по кои одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, 47 приговори во Ресен, 80-ина во Аеродром, Штип 20, Прилеп 37.
Крајниот рок за изјаснување на ДИК по поднесените приговори, е денес до 19 часот.