НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски:Незаконски субвенции за сопругата на градоначалникот на Демир Капија

2
By Нова ТВ on March 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нова злоупотреба на субвенциите за земјоделското земјиште од власта на Никола Груевски, поврзана со семејството на градоначалникот на Општина Демир Капија, Трајче Димитриев, денеска објави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Фирмата „Корал“ застапувана од сопругата на градоначалникот на Демир Капија, Виолета Димитрова во 1998 година со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ склучува договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште во површина од 848 хектари на 30 години. Во 2012 година Виолета Димитрова го отстапува целосно својот удел од фирмата „Корал“ на АЛЕКСАНДРИЈА – КОРП ДОO, фирма основана од странски инвеститор. Според договорот, продавачот, сопругата на градоначалникот, се обврзува да ги прифати сите барања кон друштвото за неплатени даноци, придонеси и други обврски кои се настанати пред датумот на потпишувањето на договорот.

Но, кога странскиот инвеститор ја презема „Корал“ во 2012 год., за во 2013 година да отпочне со работа, од банките добива информација дека сметката на фирмата е блокирана поради долгови направени пред преземање на фирмата. Фирмата должи околу 200 милиони денари и тоа кон државата, банки и други доверители – рече Николовски, покажувајќи ги документите што ги спомнува

Тој објаснува дека сопругата на Димитриев, на 11 декември 2012 година е избришана од Централниот регистер на Македонија и како сопственик и како управител на фирмата што се гледа од историјатот на фирмата „Корал“, а на 18 септември 2013 година или десет месеци подоцна, склучила Договор за цесија со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Договорот е потпишан од министерот Љупчо Димовски а на договорот има само потпис на претходниот сопственик и управител но не и печат на фирмата „Корал“. Експресно, за само еден ден овој договор се спроведува и се добива решение за пребивање и исплата на средствата за субвенции во износ од околу сто илјади евра – вели тој.

Според него, постои уште еден доказ за тоа дека сопругата на градоначалникот на Демир Капија, Виолета Димитрова, потпишала барање за исплата на субвенции и за следната година во име на „Корал“ иако не била ниту сопственик ниту управител и во тој период. Тој приложи и известување од платежната агенција потпишано од директорот Тони Димовски.

– Пред да продолжиме во целост со овој и другите случаи и фирми на овој локален моќник поврзани со тоа како се доделува државното земјите и субвенциите и во чии џебови одат субвенциите се поставуваат повеќе прашања: Како може некој што не е ниту сопственик ниту управител на фирма да бара исплата на стотици илјади евра субвенции од државата? Како може министерот Љупчо Димовски да потпише договор со лице што повеќе не е сопственик и управител, а директорот на Платежната да донесе и потпише решение за исплата на овие средства?

Како може вистинските земјоделци да ги чекаат субвенциите со години а кога станува збор за локални политички моќници од власта целата постапка да се одвива во еден ден? Кои се институции, извршители и поединци се вмешани во овој случај? Каде завршуваат овие пари исплатени за субвенции? Јавноста мора да ја знае вистината. Наша законска обврска е откривање на злоупотребите и манипулациите, како и пријавување на прекршувањата на законот без разлика за кого станува збор – рече Николовски.

Тој порача дека промените доаѓаат и секој во државата, за секое едно евро незаконски потрошено од буџетот на државата, ќе мора да одговара.

– Само со сериозна борба против криминалот и одговорност пред законот на секој кој се огрешил Македонија може да отвори нова страница и да оди напред. Спречување на злоупотребите на парите на граѓаните, вклучително и на парите за субвенции во земјоделството, се услов за да имаме фер, слободни и демократски избори. Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи во медиумите – додаде Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.