Европската унија реагира на инцијатива на Уставниот суд за помилувањето и смета дека неговата иницијатива за помилување е спротивна на одлуките на Собранието и политичките партии и ги минира напорите на ЕУ и САД за кредибилни избори.
Според портпаролот на комесарот Јоханес Хан, секоја сугестија за неказнивост во однос на изборните злоупотреби ќе бидат контрапродуктивни за напорите на меѓународната заедница која сака да се создадат услови за кредибилни избори.
“Во однос на влијанието што тоа би можело да го има на предвремените парламентарни избори, како што предвидува договорот од Пржино, нивната цел е да бидат клучен чекор во реформскиот процес кој ќе ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и ќе и помогне на земјата да ја надмине политичката криза”, вели Маја Коцијанчич во име на ЕУ на прашање на НОВАТВ.
Според ЕУ ”секоја акција која е спротивна на оваа цел мора да биде избегната. Секоја сугестија за неказнивост во врска со злоупотребите врзани со изборниот процес се контрапродиктивни за напорите кои меѓународната заедница ги инвестираше во земјата за воспоставување на услови за кредибилни избори и обидите да се врати довербата на граѓаните во изборниот процес”.
Вакви акции се исто така спротивни на одлуките на Собранието и на сите политички партии за креирање на Специјално обвинителство кое треба да ги истражи сомнежите вклучително и злоупотребите на претходните избори.