НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија без стратегија што ќе прави со бегалците

0
By Менче Атанасова Точи on March 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Неизвесна е судбината на 1500 бегалци кои останаа заглавени во транзитниот центар во Табановце и во меѓузоната. Откако се затвори „балканската рута“, веќе трет ден не се знае што ќе биде со овие луѓе кои на студеното време и дождот чекаат да го продолжат својот пат.

Македонија очигледно нема стратегија што ќе прави со 437 бегалци кои се наоѓаат на отворено, на нива во меѓузоната и 1050 бегалци во транзитниот центар во Табановце. На синоќешниот состанок Управувачкиот комитет не донел никакви конкретни решенија што ќе биде со судбината на овие бегалци, откако Србија ја затвори границата, исто како што тоа го направи и Хрватска, бидејќи Словенија започна да го применува новиот режим за влез на бегалците во Шенген зоната.

 Во Центарот за Управување со кризи велат дека ништо не зависи од Македонија и дека останува да се договорат земјите што ќе се превзема понатаму. Владиниот портпарол денеска изјави дека границата на Македонија не е затворена и дека државата е условена од одлуките на другите земји.

„Македонија не ги затвори границите, се работи согласно координатите на останатите земји, односно колку мигранти ќе излезат од Македонија толку ќе бидат и примени на јужната граница. “, одговори на прашањето на НОВА владиниот портпарол Александар Георгиевски.

Во меѓувреме состојбата на Табановце е критична. Во меѓузоната, на сред нива се наоѓаат 437 бегалци, повеќето жени и деца на кои им е потребна лекарска помош. Тие се заглавени во меѓузоната, не можат да влезат ниту во Србија, ниту во Македонија.

„Не постои шатор од кој не се слуша детско кашлање“ велат од УНХЦР.

Договорот меѓу ЕУ и Турција кој беше постигнат на 7-ми март, за враќање на бегалците во Турција треба да се официјализира и прецизира на Самитот на 17 и 18 март. За тоа време нивната голгота продолжува. Дождот и студеното време, не им се сојузници, тие станаа жртви во оваа хуманитарна катастрофа. Во моментот во Македонија се заглавени 1500 бегалци, во Србија 1000, во Хрватска околу 400 бегалци.

Од завчера границата со Грција е целосно затворена за прием на нови бегалци кои чекаат кај Идомени. Србија исто така веќе не пропушта бегалци од Македонија.

Транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија е празен. Бегалците кои пред три дена тргнаа кон север беа последната тура што замина од центарот.

Најкритично е во кампот во Идомени во кој има 13 до 14 .000 бегалци. Кампот буквално плива во вода, секаде има кал и фекалии, постои опасност од жолтица и други заразни болести. Неколку групи Иранци и Авганистанци неможејќи да ги издржат условите вчера со автобуси се вратија во Атина. Бегалците од Сирија одбиваат да се вратат назад, во надеж дека ќе добијат можност да го продолжат патот кон некоја од земјите на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.