Ова е шалтерот на единствената Инсулинската аптека во болницата во Битола. Според известувањето на вратата од вчера во Битола, инсулин од Новомиск нема, завршил за овој месец. Пациентите велат дека не само што нема инсулин за месец март, туку овој неопходен лек го немало и претходниот месец. Инсулинот Хималог исто така го немало цел месец.
„Секој месец има недостаток и на други инсулини , и тоа најмалку по 2-3 недели, така што пациентите се приморани за да преживеат да се префрлаат на други типови на инсулини , што резултира со тотален дисбаланс на гликемијата . Има и мали дечиња од 3 и 5 години , за кои не може навремено да обезбеди соодветна инсулинска терапија .Ова е нечовечко, се е директно загрозување на правото на пациентот , на неговото основно право на живот . Ова е најтешкиот вид на дискриминација према нас , пациентите, кои и онака сме дискриминирани со оваа тешка болест . Јас го уверувам министерот дека ваквите бирократски рестрикции не се во склад со Милениумските цели на Обединетите нации , ниту во склад со Декларацијата на СЗО(Светската Здравствена Организација) за здравјето на светсктата популација , ниту пак со Европската стратегија на СЗО , ниту со Европската стратегија за здравје и развој на децата и младите на СЗО .Овие заштеди од буџетот што ги прави министерот , со камата ќе стигнат на наплата тогаш кога за неколку години на ризичните групи на дијабетичари ќе им започнат компликациите како резултат на несредената гликемија , што нема само да ја носат личната трагедија тие самите , туку сето ова ќе има пошироки општествени и социјални импликации“, објави на својот Фејсбук профил Ели Секуловска.
Од двете здруженија „Баланс МК“ и „БУВ“ велат дека инсулинската криза трае веќе две години, а пациентите постојано с е жалат бидејќи мора да им се менува инсулинот во ситуиација кога Министерството штеди на инсулини. Не само во Битола инсулини нема и во другите градови на државата.
„Веќе две години се штеди на сметка на луѓето со дијабетес. Постојано с е кратат нарачките на аналогни инсулини за сметка на хуманите кои се поефтини и се постара генерација. Луѓето се приморани да се префралаат од еден на друг инсулин што резултира со многу негативни ефекти“, изјави за НОВА Цвете Серафимовски.
Од Министерството за здравство никогаш не признаа дека во државата има инсулинска криза и дека се штеди на сметка на луѓето со дијабетес.