Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЈДЕ во вторник со протестен марш пред Владата

0
By Нова ТВ on March 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 13, 2016 15:44

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, во вторник во 18 часот, од пред Владата ќе започне протестен марш, кој ќе продолжи покрај канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, а ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест.

Вечерта, како што најавија вчера организаторите, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а ќе кулминира во среда кога ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

Организаторите на маршот и протестите најавија дека ќе побараат оставка од оние уставни судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, се со цел, во иднина, како што посочија, да не носат и други одлуки кои ќе му наштетат на Уставот и суверенитетот на државата, и пред се на интересите на граѓаните.

„Се она што се случуваше во изминатиот период беше увертира на она што треба да биде кулминација во среда, односно да се прогласи Законот за помилување за неуставен и тоа поради неговите одредби коишто предвидуваат дека одредени кривични дела не можат да бидат помилувани од страна на претседателот. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во вторник за да го изразиме својот револт за криминалот и за она што се сака да се случи во Македонија, да се урне целосно правната држава и правдата“ изјави Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет ќе биде присутен на седницата во среда, како набљудувач и како „потсетник за срамот од она што го прават судиите, пред се оние кои гласаа за оваа иницијатива“, рече Пировска.

Активистот Петрит Сарачини посочи дека Уставниот суд не смее да се стави над Уставот и дека не смее да дозволи помилување за кривични дела кои претставуваат кршење на основните принципи на демократијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.