Published: Monday, March 14, 2016 17:58
Откако граѓанската иницијатива „Ајде“ најави протести за утре пред Уставениот суд, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, организира исто така протест пред овој суд.
Собирот што тој го организира не бил контрапротест, како што рече тој, туку ќе имал за цел да ги поддржи институциите нормално да функционирале и да го применувале законот, односно да помогне институциите да се ослободат од партиските влијанија.
Лидерот на ГРОМ вели дека високи партиски функционери не почитуваат одлуки на институции и нападите се политички мотивирани.
Стевчо Јакимовски вели дека ГРОМ сака да покаже дека огромен број граѓани ја сакаат Македонија и да покаже дека институциите мораат да се почитуваат.




