Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјалното обвинителство отворило 120 предистражни постапки

0
By Нова ТВ on March 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2016 11:27

Вкупно 120 предмети, од кои 50 минатата година, а 70 од почетокот на годинава отворило Специјалното јавно обвинителство од нејзиното формирање до денеска. Ова е наведено во шестмесечниот извештај на специјалната обвинителка Катица Јанева за која таа има законска обврска на секои шест месеци да го доставува до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите -прислушкувањето, испитување на изборни нерегуларности, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи итн.

Во извештајниот период Јанева информира дека составени се вкупно 221 записници за испитани лица, поднесено е едно барање за издавање наредба за претрес и одземање на предмети, два предлога за привремено одземање на предмети, во 3 предмети издадени се наредби за спроведување на истражна постапка против вкупно 25 лица. Исто така, дадени се 9 предлози за определување на мерка притвор, издадена е една наредба за посебна истражна мерка и поднесени се вкупно 10 жалби на решенија.

Во извештајот се наведува и дека политичката партија СДСМ на 30. декември доставила еден хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма кои што по приемот се сместени во сигурносни сефови кои ги исполнуваат безбедносните стандарди за чување на ваков вид на материјали. На екстерниот хард диск се содржани вкупно 546.948 фајлови, а Комисијата формирана од обвинители евидентирала илјадници транскрипти и смс-пораки.

По деталното евидентирање на примените материјали, Комисијата составила записник од 619 страни.

Јанева наведува дека обвинителствата и судовите се уште не и ги доставиле побараните предмети со што таа е спречена да се произнесе дали некои предмети се во нејзина надлежност или не.

„Со цел натамошно исполнување на моите законски обврски, до јавните обвинителства и судовите испратив барања за доставување на предмети со цел да се произнесам за стварната надлежност на ова Јавно обвинителство. Би укажала дека ваквите предмети не се предадени на ова Јавно обвинителство.

Сепак и покрај ваквата законска обврска, во текот на извештајниот период ова Јавно обвинителство се соочуваше со одредени потешкотии од аспект на меѓу-институционална соработка и голем дел од институциите покажаа непочитување на барањата на ова Јавно обвинителство адресирани врз основа на овластувања и права дадени со закон, а воедно и непочитување на претходно воспоставената пракса.

Недостасувањето на предметите и известувањето испратено од страна на овие обвинителства до Советот на јавни обвинители со кои се иницира постапка за проверка на мојата професионалност при извршувањето на работите и задачите попишани со законот, од аспект на предметите кои ги имам побарано, е токму одраз на недостаток на доверба во мене како Специјален јавен обвинител и повреда на законските обврски и начелото на автономија на ова Јавно обвинителство.“ се вели во Извештајот на Јанева.

Специјалната обвинителка наведува дека јавните обвинителства одбивале да и достават предмети на увид без да имаат законски основ за таквото одбивање.

Токму недоставувањето на доказите од Основниот суд Скопје 1 е причина што е одолговлечен почетокот на главната расправа за преметот Пуч, во кој лидерот на опозицијата е обвинет за државен удар.

Јанева предупредува дека во насока на исполнување на нејзините законски обврски потребно е Советот на јавни обвинители да и ги достави предметите кои се побарани, за да таа може да утврди дали е надлежна за постапување по нив.

„Доколку продолжи праксата на недоставување на предмети на мое барање, јас ќе бидам приморана да воспоставам надлежност врз предметите врз основа на прислушкуваните материјали и да се легитимирам во постапките по таквите предмети, а се со цел исполнување на моите законски обврски.“ вели Јанева.

Во однос на персоналниот план, Специјалното обвинителство засега работи со 10 јавни обвинители, за што Јанева вели дека се доволни за совладување на моменталниот обем на работа.

Динамиката предвидена со Општиот работен план, Јанева вели дека не е реализирана според планираните рокови поради фактот што не биле обезбедени сите услови за навремен почеток на работата на Обвинителството и поради ненавременото комплетирање на обвинителскиот тим.

-И покрај ваквата состојба успеав да реализирам дел од предвидените работи од овој план, вели Јанева.

Заради истражување и гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јанева оформува и предмети по сопствена иницијатива, што, како што таа вели е исклучително сложен процес.

Во зависност од сложеноста на предметите во работа, формирани се тимови од јавни обвинители и истражители.

„Во работата на Специјалното јавно обвинителство помагаат и истражители, кои се лица – припадници на правосудната полиција и за кои имам донесено наредби за доделување на работа на службеници – припадници на правосудната полиција. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка (член 48 и член 50) истражителите исклучиво се на располагање на ова Јавно обвинителство, а работат под моја контрола и надзор, ги почитуваат и извршуваат наредбите и работат согласно насоките и упатствата.“ вели Јанева во извештајот.

Во однос на финансискиот план, специјалната обвинителка посочува дека со доцнењето за фомирање тим на обвинители, дел од средствата наменети за ова Обвинителство се вратени во буџетот, а пробивањето на роковите околу комплетирање на Обвинителството влијаело планираните средства за експертизи, вештачења, договорни услуги, јавни набавки и слично да не бидат искористени во целост.

Извештајот на СЈО интегрално може да го прочитате тука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.