„Изборите поминаат во недемокартски дух со заплашувања и закани. Изборите кои треба да преставуваат празник на демократијата за жал можеше да се забележи страв и несигурноист“, ова е ставот на Движење на Национално Единство на Турците.
„Гласовите тајно се купуваа од државните службеници заканувајќи им се и заплашувајќи ги со нивните работни места. Додека во изборните едници, пред гласчките кутии им се сугерираше на граѓаните за кого да гласаат“, стои во соопштението од Движење на Национално Единство на Турците.
Поред нашите набљудувачи, реагираат од ДНЕТ, забележано е семејни гласања, еден гласач гласал за 10 души, непостоењето на имињата на граѓаните во избирачките списоци или повредувајќи го уставното право на граѓанинот каде што не му било дозволено да гласа.
„Затоа не се согласуваме со констатирањата на меѓународните посматрачи дека локалните избори поминале фер и демоктарски.
– Владата искористувајќи ги можностите на државата директно влијаеше на изборниот процес и слободно може да кажеме дека се направени голем прој измами при гласање. Поради ваквите измами премиерот кога тогаш ќе мора да превземе одговорност. Особено и Турците во Македонија се соочуваа со овој проблем, кои не можеа слободно да си го искажат своето мислење во процесот на гласање“ објавува Ајлин Емин Скоро, претставник за односи со јавноста на Движење на Национално Единство на Турцитe.