ДИК го прифати и вториот приговор од ВМРО – ДПМНЕ што значи во две гласачки места во Струмица ќе има прегласување на 7 април.
Станува збор за избирачките места 1727 и 1730, а расправата за избирачкото место 1734 продолжува.
Овластениот претставникот на ВМРО – ДПМНЕ, во текот на денешното продолжение на седница на ДИК, посочи дека во текот на гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица на лицето Костадинка Орцева и било оневозможено да го оствари своето прасво на глас, бидејќи веќе некој глас во нејзино име.
На денешната седница на ДИК овој приговор од ВМРО – ДПМНЕ беше прифатен со 4:3 гласа, а покрај членовите на ДИК од ВМРО – ДПМНЕ „за“ гласаше и членот од ДПА, Бедредин Ибраими.
Атмосферата на седницата на ДИК се вжешти кога претседателот Борис Кондарко побара на седницата да се обрати претседателот на општинската изборна комисија од Струмица.
Инаку, законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.
ДИК на денешното продолжение на седницата ќе одлучува за приговорите на НДП за Гостивар, на ДУИ за Шуто Оризари и за приговорите на ДПА за Чаир.
Вчера делумно беше прифатен еден приговор од СДСМ за Охрид што не влијае врз резултатите од гласањето.