По три одложувања, се очекува седницата на ДИК да започне во 21:30 часот вечерва на која што ќе се расправа за извештајот од анализата на вкрстените податоци. Седницата најпрво беше закажана за 18:30, а потоа беше одложувана уште два пати. На новинарите не им е дозволено да влезат во салата на ДИК, туку чекаат надвор пред зградата да бидат повикани.
Вчера извештајот дојде и до медиумите, за спорни се најдени 500,000 гласачи, иако теренските проверки единствено можат да утврдат кои од нив се фантомски, а кои се резултат на други објективни околности.