НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас, Музалас, Каменос и Македонија

0
By Светлана Јовановска on March 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Се чини дека Јанис Музалас се спаси од оставка. Прашање е дали Панос Каменос ќе се спаси ако Алексис Ципрас реши да му покаже каде се наоѓа вратата која води надвор од грчката владина коалиција.

Грчкиот министер за имиграција Музалас направи голем “грев” во очите на министерот за одбрана Каменос од националистичката партија Незвисни Грци, дел од владината коалиција. Во едно интервју Музалас го изговори името Македонија зборувајќи за нашата држава.

Громовите на Каменос во истиот момент се истурија врз Музалас. Каменос побара итна оставка бидејќи, како што рече, тоа е црвена линија преку која тој не може да мине.

Музалас веднаш се извини за, како што рече, гафот и доби поддршка од владата која соопшти дека, цитирам, «напорите да се ослабне министерот кој секој ден се бори со бегалската криза се неодговорност и хипокризија, особено сега пред самитот на европските лидери».

Патем за Музалас велат дека напорно и одговорно работи за да ги подобри условите во натрупаните центри за бегалци на грчките острови.

Имаме во моментов поважна работа, си рече Ципрас и замина на самит во Брисел.

Токму на самитот можеше да се забележи дека Ципрас во Брисел беше гостин на европските социјалисти. Кои се прашуваат што бара националистот Каменос во владата предводена од Сириза.

Видовме дека Ципрас не твитна ништо за оваа епизода а бидејќи денес без Твитер нема политика, јасно е дека грчкиот премиер не се возбуди поради овој настан. Твитна Јоргос Папандреу и напиша дека Ципрас мора да го чува Музалас бидејќи се работи за демократски избор и прогресивност.

Оваа епизода со Музалас и Македонија јасно покажа дека постои јаз помеѓу Сириза и Независните Грци кои се наоѓаат на два различни краја на политичкиот спектар.

Кој би бил заклучокот од сето ова. Во Брисел се слуша дека Ципрас можеби сака го замени Каменос со социјалистите од Пасок. Или едноставно сака да му стави на знаење на Каменос дека не е време за ирационални кавги и дека никој не е незаменлив.

Одговор ќе добиеме по сесијата на грчкиот парламент закажана за вторник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.