НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Изјавата на Јанева опасна за државноста и суверенитетот на Македонијa

0
By Влатко Чаловски on March 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска на прес-конференција на која целата Пратеничка група на владејачката коалиција застана зад него, најостро ја осуди изјавата на Катица Јанева со која го оспорувала легитимитетот на Собранието, Претседателот на Македонија, Владата и Уставниот суд.

– Изјавата на госпоѓа Катица Јанева е политичка изјава, би рекол и партиска изјава. Катица Јанева вчера не беше ниту правник, ниту јавен обвинител, туку беше портпарол на опозициска политичка партија, изјави Димовски.

Според него, се работи за изјава, опасна за државноста и суверенитетот на Република Македонија.

– Ако се земе за сериозна, оваа изјава значи дека Република Македонија нема институции, нема Собрание, нема Претседател, нема Влада и нема Уставен суд. Односно оваа изјава значи дека Република Македонија формално не постои и не постои нејзиниот правен поредок, вели Димовски, кој дополни дека според неа, Македонија треба да се претвори во Протекторат на странска земја.

Специјална обвинителка Катица Јанева која вчер априсуствуваше на конференција заендо со државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и шефицата на Националната дирекција за борба против национална корупција на Романија, Лаура Кудрети-Ковеси, посочи оти изборните нерегуларности создале нелегитимни претставници на институциите Претседател на државата, пратениците, како и Уставниот суд.

– Со самите истраги за овие лица кои се или биле на високи функции во РМ и со доказите со кои располагаме кои во 80 проценти го докажуваат обвинението со кое имаме намера да настапиме сметаме дека самиот избор и на претседателот и на Уставен судија и на пратеници е доведен во прашање. Сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство за да ја утврдиме вистината, одговори Јанева на новинарско прашање со кое се побара коментар на скорешната одлука на Уставниот суд којшто му ги врати ингеренциите на претседателот да помилува осудени за изборен криминал.

Димовски денеска потенцираше дека со оваа изјава, Јанева се делигитимирала и себе бидејќи таа била одобрена од пратениците во Собранието, и затоа побара од неа јавно извинување.

Воедно тој ја повика да се јави и да одговори пред Комисијата за политички систем а потоа и на пленарна седница, и како што вели, да не се става над Уставот на земјава, цитирајчи неколк одредби, кои според него и наложуваат на Јанева да се појави и да одговори на прашањата на пратеничките групи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Јанева е легитимна за ВМРО-ДПМНЕ, Димовски рече дека тие уште на почетокот гласале за нејзината функција и го одбориле Буџетот за Специјалното јавно обвинителство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.