НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последното танго на Заев

0
By Биљана Секуловска on March 26, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како гласи геслото на пропагандата на оваа власт: Ако се договориме и потоа се согласиме дека најлесната работа на овој свет е да се владее (ја имам на ум оваа власт), особено кога опозицијата скоро, па и е мртва, тогаш можеме и да му соопштиме на Заев дека е време да си замине од политичката сцена.

Критиките и незадоволството кон опозицијата на пропагандната машинерија кон која се приклониле одредени аналитичари, новинари, активисти, со прилична доза на огорченост, главно се однесуваат кон она мртвило со кое не опкружила, пасивноста и безживотноста, особено на Заев, како што длабокоумно ламентираат.

Како велат тие? Никакви идеи, слаба или можеби непостоечка програма, климави рејтинзи, проблематична харизма. Дали испуштив нешто? А, да, можеби потеклото на Заев, сепак се работи за мал град, недоволно искуство во битките во големиот град, дополнително на негативното конто се трупа и неговата бизнис империја, тука се и контроверзните зделки (за повеќе информации на потерниците на Сител), притворот, па аболицијата.

Понатаму можете да додадете се што ќе посакате, се на што ќе се присетите овие неколку години, додека пропагандата совршено го градела профилот на овој, па веќе полу-мртов опозициски лидер.

Тој е таков во очите на дел од таканаречената интелигенција, која често гласно, сепак многу почесто меѓу амбасадорскиот кор, го креира портретот на човекот кој одамна требаше да замине. Секако после бомбите да го снема, додава нашава интелигенција: сепак некој мораше да ги истовари тие бомби, да ги подмачка, сиот оној нечист репертоар да се скрие под тепих, а можеби и уништи (мораме да се повикаме на доброто воспитување и пристојноста), потоа да се исфрлат информациите, да се преживеат детонациите и да се живее некако, можеме да се согласиме и дека не е воопшто лошо, можеме да претпоставиме и дека подобро и не можело, но, Заев тука беше потребен.

Не велам неопходен, но добро послужи, тука тој дел од интелигенцијата важно клима и ја префрла едната врз другата нога, затоа што важни се сценските движења кога елаборирате тешки времиња. И со неволно срце морате да се исповедате на некој странец, да ја споделите жалната состојба во која ви се наоѓа грутката земја. Нема ах, ох, одиме понатаму, анализа не сме пасти!

Конечно, мора и тивко да воздивнете, но доволно гласно да ве слушне другата страна, затоа што сочувствувате со Заев, нее, не станува збор дека имате нешто навистина против него, но фактите господа, фактите ве дотолчуваат, како да ги премолчите, забога, па имате обврска кон историјата, таа ве одржува во кондиција. Таа е позната криумчарка на лоши вести, ја влепува шлаканицата и тоа баш кога после 300 години мирно ќе си лежите три метра под земјата, искрено надевајќи се дека ќе се сети некој на вас и вашата крупна улога по бомбашкиот процес.

Тогаш кога сте биле приморани да прозборите, кога ве болело не само срцето, туку и душата (додадете и некој орган плус ако помогне да се дијагностицира распаднатоста на разочараниве) како гледате дека пропаѓа и последната надеж кон млитавата опозиција (вака кажано и не звучи лошо оваа жалопојка на нашава интелигенција, ако замижите и ја проголтате дилетантскава поезија).

Не дека и тие, нашиов дел од квази интелигенција,, не дека не можеле да ги употребат бомбите (како некој не се сетил баш нив да им ги даде), не дека би се скриле подоцна под јорганот (или јамболијата, сепак, левицата го негува тој мувлосан шмек), но тежината со која настапува лидер на опозиција никој не може да ја оспори, поентира нашиов исповедник.

Конечно, доаѓа резимето: ако Заев оди на избори секако дека ќе изгуби, ако воопшто кога било тоа се случи, тој е готов. ВМРО- ДПМНЕ повторно ќе победи.

Секако дека тоа ќе се случи, би биле политички наивни да веруваме на друга разврска.

Конечно, во која земја победила опозицијата со задушени медиуми (оние кои се провладини, иако соодветниот збор е пропагандни) и останатите медиуми кои се трудат да ја соопштат критичноста, но имаат доволно проблеми со неа. Или се потиснати од сопственикот, или калкулираат со балансираноста, некои од нив сосема бледи, недоволно влијателни, по своја или владина вина. Сите заедно имаат невидлив рејтинг, доволно премал да биде очаен и индикатор за самотијата во која опстојува (ако воопшто е вистинскиот збор) опозицијата.

Како вели Еко: “Класата на политичари расте и созрева низ едно опсежно, сталожено и мислено спротивставување, како што може само да овозможи односот со печатот”. Ако пропагандата на власта низ сите овие години ја зароби мислата, јавната сфера, дијалогот, дебатата, медиумите, тивката смрт на опозицијата беше неминовна. И сега, во вакви околности, да се говори за рејтинзи, зарем не е прашање на политички аматеризам?

Таа, опозицијата, продолжува пропагандниов рафал, со оние ситни дози вештачко дишење е само сенка од она што некогаш била. Затрепкува со едното око ако и ја дадете еднаш неделно капката допинг и повторно запаѓа во кома.

И така, продолжува анализата, верна на пропагадните платени реклами на власта: Финансиски исцрпена, одвнатре разјадена и кревка (секојдневно го плаќа данокот по неуморната битка на бранковистите и заевистите. Научната мисла или пак некој одважен политичар одамна требаше да напише томови за маестралното самоуништување, но сите се внимателни, победникот можеби ќе биде некој трет, а тој трет секогаш има слабост кон којзнае кого). Ако го прашате Груевски, тоа е таа состојба во која е опозицијата. На ВМРО му цветаат ружи, се додека не ја испорача сметката Јанева- политички погребен венец.

А однадвор опозицијата е немоќна, дадени и се како на куче помија министерства со кои ниту нобеловци не можат да се справат, затворени и се буквално вратите насекаде, но што зборувам- биле затворени, да не си играм со зборовите. Секоја, па и клучалката од најмалата врата е вооружена (дури и вратите се истренираа, нема потреба од физичко присуство на армијата на власта) и самоиницијативно се забетониранала, нема излез и секој опипува темница, пред да му биде соопштено дека светло никогаш и нема да види.

И самиот Заев, претпоставувам, знае дека ова е неговото последно танго. Тогаш кога нема да им биде потребен, никому од нас, заклучува пропагандниот Центар за комуникации. Како беше- лесно е да се владее во оваа земја, со ваква власт. Побајте да бидете опозициска партија, барем еден ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.