Од црквички, до стражарници и сендвичарници. Ваква е перцепцијата на граѓаните за барокните киосци. На дел им пречат, дел слушнале нешто за нив телевизија, на дел – воопшто не им се јасни.
Киосците кои се поставија уште во март минатата година се уште зјаат празни. Трит се веќе поставени од кои едната во близина на хотелот Холидеј Ин, другата на булеварот ВМРО и третата во близина на МОБ. И тие се дел од проектот Скопје 2014, а изградени по барокниот терк.
Како што беше најавено се планираа вкупно 20 такви во центарот на градот. Дали и кога ќе никнат останатите, останува неизвесно, а дотогаш, остануваат прашалници кај граѓаните дали и веќе поставените личат на нешто.