Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министре, зарем ја заборави лекцијата за малата Тамара?

0
By Менче Атанасова Точи on March 29, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 29, 2016 11:38

Пред некој ден ми се јави еден 70 годишен човек чија приказна ќе ви ја раскажам бидејќи го покажува целиот очај на македонското здравство. Стариот господин кој живее во еден град во западна Македонија,  се јавувал неколку пати во редакција, ме барал упорно бидејќи не можел да најде инсулин за неговата сопруга. Цел месец, постојано одел во инсулинската аптека во неговиот град но, залудно неопходниот лек го немало. Неколку пати успеал да позајми инсулин и така крпеле од ден на ден. На крајот некој го советувал, како што рече, да и се јави на новинарката Точи и „ ако таа не го реши проблемот, никој нема да може“. Така му рекле луѓето и човекот ми се јави.
 
„ Ве молам да ми помогнете, ми се обрати со растреперен глас. Цел месец нема инсулин во аптеката, а и е неопходен на мојата сопруга, без него не може да живее. Просам инсулин од човек на човек или ги молам да ми позајмат и така сопругата успеа со позајмени инсулини да го истурка месецот. Но, јас позајмениот инсулин нема да можам да го вратам. Инсулини не знам дали воопшто се продаваат, а и ако ги има јас не можам да ги купам со мојата пензија од 7000 денари“ рече загрижениот старец.
 
Со кнедла во грлото го прашав до кога има инсулин за неговата сопруга.
 
„До утре“ ми одговори.
 
Молк. За момент останав без зборови бидејќи знам што значи да се остане без инсулин, макар и еден ден. Кога се соземав, прво што помислив беше дека на овој човек треба да му се помогне и тоа веднаш. Пишувањето, алармирањето сега беа во втор план. Здравствениот систем затаи, требаше да се стори нешто.

Веднаш се јавив во едно од здруженијата, им објаснив за случајот и ги замолив да најдат некако инсулин за неговата сопруга. И помогнаа, се организираа и најдоа неколку „пенкала“ инсулин.
 
Така луѓето со дијабетес во Македонија се организираат и си помагаат еден на друг преку социјалните мрежи бидејќи инсулини често нема.

Само, да се остане жив!
 
Но, што понатаму? Колку луѓе во државата за кои инсулинот значи живот, се будат со мислата дали за утре ќе имаат од неопходниот лек?
Колку мајки треперат над своите деца кои се зависни од инсулин?

Не, тоа очигледно не го сфаќаат во Министерството, таму каде што ја кројат политиката во здравството и судбината на околу 200 000 луѓе со дијабетес. Од нив 35 000 се на инсулинска терапија. Само на детската клиника годишно с е регистрираат 30 –тина деца со дијабетес тип 1, кои се зависни од инсулин.

Проблемот со инсулините кои пациентите ги добиваат преку програмите на Министерството за здравство, бесплатно, се појави пред две години, кога Министерството одлучи да направи увоз и на други поефтини инсулини, паралелно со постоечките.
 
Така се воведоа инсулини од постар тип(хуманите), кои почнаа да ги заменуваат аналогните, кои се подобри и прават помалку турбуленции во организмот и нормално, се поскапи.
 
Државата одлучи да штеди на здравјето на децата и возрасните кои имаат дијабетес и тоа има своја цена, се разбира.
 
На пациентите им се заменуваат инсулините, наместо аналоген и посовремен, добиваат хуман инсулин за кој се менува комплетно начинот на живот и исхрана, па ако тој не одговара се дава друг,  што кај многу од нив предизвикува шок во организмот, особено кај децата. И старецот кој  бараше инсулин за својата сопруга, го потврди тоа.
 
„Знаете, со претходниот инсулин шеќерот во крвта кај мојата сопруга беше 7, сега е 15. Не и е добро со хуманиот инсулин кој и го сменија без нејзина воља.“, рече стариот господин.
 
И не само тоа, пациентите и здруженијата велат дека инсулините се кратат, ако еден месец добијат 10 „пенкала“ инсулин, следниот добиваат осум, и се така, додека пак, во првите неколку дена од месецот инсулините ги снемува во специјалните инсулински аптеки.
 
Националната комисија за дијабетес и министерот Тодоров никогаш не признаа дека во државата има инсулинска криза.
 

Да, тоа е таа промена! Кога еден систем кој со години функционирал и обезбедувал терапија за луѓето со дијабетес, ќе се трансформира и државата ќе одлучи  да штеди на сметка на најранливите.

И така, системот пука!  
 
Во еден друг град пак, на спротивната страна од државата, во Богданци братче свири на виолина и собира пари за својата болна сестричка, за таа да може да се оперира во Германија.
 
Деветгодишната Ивана има искривување на рбетот и нејзините родители собираат пари за операција во странство. Имаат и броеви за донации, бараат спас за да не се случи она што и се случи на нејзината врсничка од Велес, малата Тамара која почина чекајќи надлежните да се договорат каде ќе се оперира.
 
Тамара стана жртва на здравствениот систем, челниците на Фондот и Министерство и ветуваа лекување во странство, а всушност имале пеколен план: Тамара и другите деца да не се праќаат во странство, да се оперираат тука и на тој начин да си направат промоција на новиот Спинален центар.  

Документот со кој се забранува праќање во странство за сите деца со искривување на рбетот, вклучувајќи ја и Тамара, на виделина излезе пред две недели. Забраната била издадена четири месеци пред нејзината смрт. А, таа до последен момент веруваше дека ќе замине на операција. Малото срце не издржа, го притисна искривениот граден кош кој можеше и мораше да се среди.

Посурово постапување со деца пациенти од страна на Фондот и Министерството не сум сретнала во целата моја новинарска кариера! И тоа се заради популизам и штедење.

Откако актуелната власт најави дека лекувањето во странство ќе чини само 200 евра, ситуацијата се измени, бројот на деца кои чекаат да заминат на лекување драстично с е зголеми. Постојано се бараат донации, се организираат хуманитарни концерти. Програмата во 100 чекори, падна на првото скалило. Системот уби дете!   
 
И како да ова не беше доволно.

Уште еден скандал го тресе здравството деновиве. Кумува актуелниот министер Никола Тодоров кој вработил докторка, педијатар иако хрватското обвинителство води истрага против неа за фалсификување на медицинската документација на деца. Околу 5000 мајки во Сисак, кон крајот на 2014 та година се кренаа, обвинувајќи ја докторката за несовесно лекување бидејќи им измислувала тешки болести на бебињата, ги праќала на непотребни испитувања, ги ставала на инфузии, во инкубатори, ги одвојувала од мајките, ги ставала на вештачка исхрана, ги навредувала мајките, фалсификувала податоци.

Докторката Икономова скоро цела година ги лекува децата во дежурниот педијатарски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, каде што доаѓаат деца од Скопје и околните градови.

За скандалот кој ја тресеше Хрватска министерот Тодоров, не знаел ништо. А, рече и дека не го интересира. За тоа, требало да прашаме таму каде што и дале диплома, специјализација и лиценца за работа, односно на Медицинскиот факултет и во Лекарската комора. Замислете, за Тодоров сите лекари биле исти.

Вработуваме!

И потоа се прашуваме зошто армија млади лекари и специјалисти заминаа и се уште заминуваат во странство.

Затоа што на министерот не му е гајле, не сака да ги мотивира и да ги задржи лекарите тука. Наместо тоа, распиша оглас за доктори од Србија на кој никој не се пријави, со две раце го прифаќа секој што ќе влета во бродот што тоне, не прашува кој е, каков е, од каде е, туку спокојно им го доверува здравјето на нашите деца. Како докторката педијатар на пример, која е на еден месец пред пензија и со тежок багаж зад себе. А, лекува деца!

Министре Тодоров, зарем толку бргу ја заборави лекцијата за малата Тамара?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.