НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА:Не запираат огласите за вработувања среде кампања

0
By Сашка Цветковска on March 30, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Страницата на Бирото за јавни набавки останува пребукирана со огласите за вработување и во вториот круг од изборната кампања – огласи се вработувања се распишуваат наголемо, и покрај децидните закони кои велат дека од моментот кога претседателот на Собранието објавува одлука за избори, стапува забрана за вработувања во јавната администрација.

Најчести се огласите за привремени вработувања – оние вработувања за кои институциите не мораат да ги објавуваат договорите кои ги склучиле, туку само информацијата дека имаат потреба од работници. Училишта, болници, универзитети, општини и институции во последниве неколку недели бараат вакви работници.

Потреба од ваков кадар јавило дури и министерството за финансии. Околу 150 илјади евра ќе потрошат на привремено вработени, стои во огласот објавен на страницата на бирото за јавни набавки. Останува нејасно зошто на УЈП, институцијата за која се наменети овие работници и биле потребни сезонски работници.

“Сите огласи и набавки прекинуваат на денот на објавување на изборите. Сите, вклучително и јавните набавки во кои се реализираат привремените вработувања. Објавувањата за услуги за привремени вработувања се, исто така, кршење на законот и антикорупциската треба да реагира. А да не зборуваме за тоа дека македонските закони воопшто не ги препознаваат привремените вработувања. Тие се вработувања за сезонски работници и работници на замена, но не може и во администрацијта”, вели деканот на правниот факултет, Борче Давитковски.

Но, ова како да поминува речиси незабележано од надлежните институции. Уште во понеделникот на страницата на Бирото за јавни набавки осамнаа речиси десет огласи за вработување во секцијта други огласи. Она што е симптоматично е дека токму општините во кои ќе има и втор изборен круг се помеѓу последните огласувачи за работа. Дури четири училишта во Кавадарци, како и кавадеречкиот Водовод, објавиле огласи за привремени работници пред два дена. Огласи има и од Кочани. И во двете општини ќе се трча вториот круг.

ВЛАДАТА ТОКМУ СЕГА РЕШИ ДА ОСТВАРУВА ПРОЕКТИ

Вчера Владата повторно на голема прес конференција најави дека ќе потроши 15 милиони евра за семејни бизниси во руралните средини. Експертите со кои се консултиравме се децидни дека во огласите со кои се делат субвенции на граѓаните за самовработување или пак за развој на семејни бизниси за време на изборна кампања, се крие таканаречена „скриена корупција“, со која партијата на власт ги користи сите механизми што и стојат на располагање од државните ресурси со цел да придобие гласачи. Според владиниот портпарол Александар Георгиев, се било во ред затоа тие најпрво се консултирале со Антикорупциската комисија.

-Нема прекршувања. Ние ја прашавме комисијата и тие одговорија позитивно, вели
Георгиев.

Ова не е прв пат во текот на кампањата Антикорупциската да ги одобрува вработувањата на владата. На самиот ден на стартот на кампањата пред повеќе од еден месец, Агенцијата за вработување објави оглас за субвенции за проектот за самовработување во вредност од три милиони евра, а само неколку дена пред стартот на кампањата владата најави 2 илјади нови вработувања во администрацијата. И тогаш тие се пофалија дека амин им дала Антикорупциската, а нејзината претседателка писмено ни потврди дека тоа е точно.

-Имаше институции кои бараа согласност од нас и ние испитувавме дали проектот бил предвиден од претходно, дали биле издвоени финансиски средства за таа намена и во некои случаи дававме согласност да се продолжи со таквите проекти, вели Корубоска.

Експертите, пак, делат сосема спротивни ставови од комисијата.

– Законот е неприкосновен и вели дека по денот од распишувањето на изборите, се запираат вработувањата. Ако законот го забранува тоа, комисијата не може да се стави над законот.

Проектот за самовработување, ако е распишан по распишувањето на изборите, тогаш е спорен. Во тој случај комисијата согласно надлежностите може само да констатира дека станува збор за проект спроведен спротивно на законот.

Антикорупциската комисија не е во позиција да рече: Ова не е според закон, ама еве, ние ќе направиме исклучок и ќе ги дозволиме вработувањата – вели Драган Малиновски, поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За експертите е спорно зошто токму во предизборната кампања се распишуваат овие огласи и се промовираат проекти како што е оној за самовработување, ако не за да се придобијат што повеќе гласачи.

-Антикорупциската комисија треба само да го примени законот, а не дава согласности. Тие треба да контролираат, а давањето согласности не е во нивна надлежност. Доколку сега се распишува тендер за овој проект, тогаш сериозно се доведува во сомнеж дали тоа се прави во функција на изборниот процес – вели Вања Михајлова, поранешен член на Антикорупциската комисија.

Во меѓувреме, течат огласи и за привремени вработувања во многу институции и општини каде ќе се оди во втор круг. Нови, привремени вработувања ќе има во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ , СОЗШУ Ѓорче Петров, ЈП Исар Штип бара услуги од Агенција за привремени вработувања, Основното училиште Тошо Велков – Пепето.

Огласи за вработувања објави и ЈЗУ Институт за трудова медицина, МАНУ, Универзитетот Климент Охридски Битола, Градската библиоптека Браќа Миладиновци бара ангажирање надворешни соработници, а нови вработувања ќе има и во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, во Јавното претпријатие Солидарност Виница и во Агенцијата за цивилно воздухопловство. На ниту еден од овие огласи не е објавено ниту колку лица се бараат, ниту пак колку средства за предвидени.

Институтот Отворено општество Македонија направи истражување наречено „Аларм“, каде беа анализирани и вработувањата за време на изборите. Според истражувањето, од 12 јануари до 24 февруари годинава, биле распишани 43 огласи за 246 вработувања, од кои 215 биле за вработување на определено време и 31 за вработувања на неопределено време.

Најголем број огласи, околу 197, се однесувале за вработувања во основните и во средните училишта, а од останатите огласи најбројни биле огласите за вработувања на факултетите.

Во извештајот на ОБСЕ за минатите избори главната забелешка од која произлегоа и клучните препораки беше злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Истите забелешки се провлекуваат и за време на локалните избори годинава, а од ОБСЕ најавуваат дека во деталниот извештај што ќе биде објавен за 3 недели, ќе бидат детално презентирани забелешките во однос на овие случаи за кои апелираа експертите, невладините организации и опозициските партии.

ОПОЗИЦИЈАТА НАЈАВУВА ТУЖБИ

Како по правило, секој што распишуваше оглас, тврдеше дека за истото има согласност од Државната комисија за спречување на корупцијата, иако Законот за спречување корупција и изборниот законик не дозволуваат вработувања во администрацијата од денот на распишување до завршување на изборите.

– Во истиот ден 11 јануари, денот кога се распишаа локалните избори на веб страницата на Агенцијата за администрација објавуваат јавни конкурси за вработувања. На 21 јануари има записник за извршена административна селекција.

На 4 февруари испит за јавен службеник и на 4 март реализирани 7 вработувања во градинката „Естреја Овадија Мара“ со потпис на директорката и 6 вработувања на
неопределено време од директорката на градинката „Мајски цвет“ – обвини Весна Бендевска, пратеник на СДСМ од Битола.

На ова, градоначалникот на Битола Владимир Талески и воедно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДМНЕ, одговори со образложение дека вработувањата биле
одобрени од Антикорупциската комисија.

– СДСМ може да пишува кривични пријави. Јас тврдам дека тоа е најзаконски. Тие вработувања беа во тек и се дозволени и од Антикорупциска комисија. Од СДСМ не очекувам ништо повеќе освен лаги, закани и манипулации зашто ништо повеќе не видовме – изјави Талески.

Опозицијата веќе побара да се поведат прекршочни постапки за огласите што биле објавени по распишувањата на изборите, со кои, според СДСМ, треба да се вработат 164 лица во државни и јавни институции и 930 лица преку програмите за самовработување.

(Сторијата е реализирана со финансиска поддршка од ЦИН СКУП Македонија во рамките на проектот ‘Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко известување”.)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.