Двајца малолетници синоќа околу 18, 30 часот биле нападнати со нож во Тетово.
Малолетниците биле нападнати од две непознати лица додека се движеле по улицата.
Без претходна караница и повод, еден од напаѓачите на едното момче му задал убод со остар предмет, најверојатно нож во пределот на десното рамо, по што заминале од местото на настанот.
Нападнатото момче било пренесено во тетовската болница, каде му е укажана лекарска помош.