НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најтешко болните оставени без цитостатици

0
By Менче Атанасова Точи on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Болните од рак на дебело црево, кои се со метастази, веќе трета недела се оставени без цитостатици во венозна и таблетарна терапија. На Клиниката за онкологија го нема, па пацинтите се принудени да го купуваат, кој од нив има финансиска можност, се разбира.

Тешко болен човек кој се јави во редакцијата на НОВА, вели дека тој не прима терапија бидејќи не е во можност да го купи лекот за кој треба да плати 100 евра месечно.

„На Клиниката за онкологија го нема лекот. Јас сум без терапија, со мојата пензија од 6000 денари не сум во можност да го купам“, се пожали овој 60 годишен пациент. Освен овој на Клиниката за онкологија нема уште еден лек кој е неопходен, а од таму велат дека ќе снема уште три вида цитостатици до 9-ти мај кога ќе биде отварањето на тендерот. На онкологија повторно го обвинија Советот за јавни набавки, кој во петокот по трет пат им го вратил тендерот.

Велат, образложението од Советот било дека„нема елементарна непогода, односно нема земјотрес и поплава и дека ништо не е итно“. Но, ситуацијата е алармантна бидејќи и залихите од другите лекови се при крај, предупредуваат од таму. „Ние им даваме документ и рецепт за Фондот да им ги рефундира парите. Но, до отварање на тендерот ќе снема уште три лека“, изјави за НОВА Милан Ристески.

Тој објаснува дека буџетот за годинава го добиле многу доцна, па подоцна бил донесен и планот за јавни набавки. Но, нема реално објаснување зошто Советот за јавни набавки три пати го враќа тендерот. Лекарите предупредуваат дека терапијата не смее да се прекинува, бидејќи со тоа се загрозува здравјето, а болеста напредува.

Од друга страна правните служби на клиниките кои ги контактираше НОВА, велат дека доколку и му се издаде потврда на пациентот, Фондот ќе му ги врати парите дури откога ќе ги земе од клиниката, а самата клиника ја казнува бидејќи не смее да остане без лекови. Пред извесно време министерот Тодоров испрати известување до клиниките со кое им се забранува да ги праќаат пациентите сами да си купуваат лекови, во спротивно ќе бидат казнети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.