Одложувањето на изборите даде уште малку време за напредок при подготовката на изборите. Како и да е, има уште многу работа и на средбите им порачав на партиите и на државните институции да работат заедно за одржување на кредибилни избори и да земат учество во изборниот процес- oва го порача Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон, по денешната средба со претставници нa четирите најголеми партии во Скопје.
„Особено им порачав на државните функционери и на институциите да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на Избирачкиот список за да се врати довербата кај граѓаните.
Медиумите, особено националниот сервис играат клучна улога, а граѓаните за да бидaт информирани граѓаните треба да имаат пристап до балансирано известување и различноста на партиските идеи.“ порача Даниелсон.
Според него загрижувачко е што се уште има пријави за заплашување на гласачи и им порача на политичките партии да го забележат тоа и да ги превенираат таквите случувања.
-Ги охрабруваме граѓаните да пријават какви било нерегуларности кај надлежните. Го поздравуваме отпочнувањето на мисијата на ОБСЕ/ОИДХР и тие ќе ја дадат последната проценка за изборите и порачуваме дека меѓунродната заедница ќе ги следи изборите и ќе говориме гласно.
Специјалното обвинителство е уште еден клучен елемент, загрижени сме за опструкциите кои се прават на ова Обвинителство и бараме сите кои се согласија на воспоставување на ова обвинителство да се воздржат од напади и целосно да го поддржат СЈО, порача тој.
Даниелсон во име на ЕУ институции истакна дека Договорот од Пржино треба да се имплементира не само пред изборите туку и по изборите, а освен тоа, да се работи и на итните реформи од извештајот на Прибе.
Даниелсон доаѓа во Македонија еден пред пред најавеното распуштање на Парламентот.