Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членовите на ДИК со споделени ставови околу Избирачкиот список

0
By Нова ТВ on April 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2016 15:55

Остануваат уште 10.224 лица  од повеќе општини кои треба да се внесат по теренската проверка на ДИК. Ова е резултатот од досегашната проверка на терен за 87.350 лица.

Игор Милев – член на ДИК од СДСМ на седницата којa се уште е во тек,  посочи дека јавноста не смее да се манипулира и оти соред енго остануваат спорни уште 37.000 гласачи досега не се најдени дома.

Освен ова, остануваат низа отворени прашања и од административната проверка, додека очите на целокупната јавност се вперени кон ДИК, од каде се чека одговор дали има услови за избори на 5. јуни.

Ако се распишат изборите сега, Избирачкиот список е прочистен само од  починатите  1.129 лица, за кои ДИК утврди дека се бришат од списокот.

Болеста е дијагностицирана, но не и лекот, тврди опозицијата. Тие велат дека ќе останат низа отворени прашања на спорни гласачи по разни основи, алармираат членовите на СДСМ во Државната изборна комисија на седницата која се уште е во тек.

За членовите од ВМРО-ДПМНЕ пак, досегашната работа на ДИК во целост е успешна и доколку се дадат дополнителни рокови од еден до три дена, ќе се затворат и останатите засега спорни прашања.

Од Извештајот на ДИК со пресек на досегашната работа од административната проверка, останува дополнително да се проверат  3 372 лица дали се на привремена работа или престој во странство.

Се уште се вршат теренски проверки и нема конкретна бројка за сомнителни случаи со повеќе избирачи на иста адреса, да се идентификуваат записи за нови лица кои станале полнолетни,кои прв пат се на Избирачкиот список, асе на возраст на 20 години и за лица кои се малолетни, а се запишани во Избирачкиот список.

За едно лице дополнително кое фигурира на Избирачкиот список со исто име и презиме, дата на раѓање, а се јавува со два различни матични броја, МВР дополнително ќе проверува.

Најспорно, според опозицијата во ДИК е тоа што проверката во МВР по однос на личната документација на граѓаните се уште не ниту до половина работа.

-Согласно пресекот до 5. април, од вкупно 41 863 барања за лични карти, проверени се 19 689, односно 41 процент, и од вкупните барања за патни исправи проверени се само 12 отсто. Денот има 24 саати, за се она што треба да се направи нема време. Зошто ги минимизирате работите? Ние имаме добиено податоци, меѓутоа по проверка можеме да каже дефинитивна спорна бројка. Денеска сите знаеме дека нашата дадена задача не е завршена во целост, посочи Виолета Дума од СДСМ.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ пак, иако потврди дека ова не е конечна бројка и теренските проверки ќе продолжат, сепак изрази оптимизам дека МВР ќе може да ја заврши работата за многу краток рок.

-Не се согласувам со Дума, 91 процент од институционалната проверка е завршена. Јас верувам дека во рок од 3 дена МВР може да даде податоци и за граѓаните кои не успеавме преку теренската проверка да ги најдеме дома. Од министерството кажаа дека се работи во три смени, така да во текот на денов јас очекувам напредок, рече Бонева.

На ист став е членот на ДПА Бедредин Ибраими, според кого се потврдило дека Избирачкиот список од 2013 е точен.

Од опозицијата реплицираа дека МВР работи за секој предмет потребно и тоа може да земе подолг период од предвиденото. Токму ваква информација излезе и од МВР од каде велат согласно досегашната динамика, ќе бидат потребни уште месец и пол работа.

ИТ секторот на ДИК дополнително ќе прави анализа на податоците од 2 178 лица,  за да се утврди дали ги има на две избирачки места.

ДИК се уште нема постапено ниту по електронските пријави на граѓани.

Седницата трае повеќе од 4 часа и се уште не се знае кога ќе заврши.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, не сакаше да даде изјава околу тоа дали ДИК ќе стаса со проверките за да може да се оди на избори на 5 јуни со прочистен Избирачки список.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.