НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни

0
By Нова ТВ on April 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на прес-конференција во штабот на партијата на Бихаќка, најави дека СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, како што ги нарече лажни избори. Зборот е збор, рече тој, не се откажуваме од принципите.

Заев образложи дека не се исполнети ниту минималните услови од Пржинскиот договор, бидејќи мнозинството членови на ДИК одлучиле воопшто да не се проверуваа спорните 124.000  гласачи.Нивните теренски проверски се до половина завршени, а власта во Собранието го одби и Закон за медиумите.

Заев вели дека без исполнување на овие точки не можат да се одржат фер, регуларни и демократски избори.

Тој посочи дека пресот се одржува касно во ноќта бидејќи во текот на целиот ден се одржувале консултативни  средби со меѓународната заедница, но сепак и тие збореле за  регуларни избори , но не и за фер и демократски.

Иако министрите  и замениците министри се повлекуваат, борбата за слобода продолжува, без да прецизира кои ќе бидат идните потези на СДСМ.

Во однос на нивните членовите на ДИК, Заев рече дека утре ќе се одлучува дали ќе се повлечат.

Собранието и официјално се распушти а според Заев неконстатирањето на оставките на министрите на СДСМ значи дека власта се обидува да ги задржи како заложници во Влада која би спровела нелегитимни избори.

Обраќањето на Заев, интегрално:

Без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни и демократски избори. Да се врати основниот демократски принцип „еден човек-еден глас„. Да се врати правото за различно мислење.

Договорот од Пржино беше потпишан тоа да се обезбеди.

Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочистува. Медиумски реформи не се прифатени. Притисоците продолжуваат.

За нас, зборот навистина е збор. Не се откажуваме од принципите на коишто инсистираме. Заедно со цела демократска јавност.

Во име на тој збор, во име на тие принципи, во име на демократијата, СДСМ нема да учествува на овие лажни избори.

Во изминатите месеци, граѓаните на Македонија видоа и слушнаа зошто ВМРО-ДПМНЕ и неговите сателити одбиваат фер и демократски избори. Одбиваат да го испочитуваат она што го потпишаа– Договорот во Пржино.

Тоа го прават со една цел за да го заштитат и амнестираат својот криминал и корупција, за да го продолжат своето лично богатење на грб на народот.

Како што сите сведочиме, за да останат на власт и да продолжат со криминалот и корупцијата, не бираат средства.

ДИК, пред само 15 дена, едногласно усвои извештај за над 330,000 сомнителни гласачи во Избирачкиот список. До денес, 124.000 гласачи, мнозинството во ДИК одлучи воопшто да не ги проверува. Без причина. Без аргументација. До денес, повеќе од половината теренски проверени гласачи не се најдени на нивните адреси. Власта одбива да ги избрише.

Пред два дана, власта го одби и предлог законот за медимски реформи предложен од страна на новинарските здруженија и синдикатот. Со тоа уште еднаш брутално го прекрши Договорот од Пржино и удри шлаканица на сите кои бараат професионални и слободни медиуми.

На сите им е јасно дека без слободни избори нема слобода.

Таму каде мртвите гласаат. Таму каде државјани на други држави гласаат во име на граѓаните на Македонија и каде партиските послушници ги крадат гласовите на вистинските гласачи. Таму каде што ги затвараат устите на сите кои мислат поинаку и кадешто на целата јавност и ги затвараат ушите за вистината… Таму нема слобода.

Демократска Македонија ова нема да го дозволи. Нема да дозволиме да згасне последниот пламен на слободата и демократијата во Македонија.

Ги повикуваме сите граѓани, студенти, работници, пензионери, земјоделци, без разлика на етничка, верска и политичка определба:

Заедно да застанеме и да ја сочуваме демократијата. Бидејќи сега тоа не е прашање на личен избор, туку прашање на Македонија и нејзината иднина.

Власт во една демократија не е претседателот, не е ниту премиерот, не се политичарите. Вистинската власт се граѓаните.

Во име на тие граѓани, му порачувам на Никола Груевски и неговите сателити. Нема да го згаснете светлото на слободата и демократијата. Демократијата ќе се врати и за неа ќе се избориме заедно со граѓаните.

Или Груевски или Македонија, рече Заев на прес-конференцијата во штабот на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.